Забава
Џеј Ло проговори за пожарите во Лос Анџелес: „Децата го изгубија чувството за безбедност“

Продолжува серијата познати личности кои зборуваат за пожарите кои и понатаму беснеат во Лос Анџелес. Џенифер Лопез ја сподели објавата на Boys & Girls Club на Инстаграм и ја коментираше ситуацијата.
„Моето срце е со сите погодени од разорните пожари во Лос Анџелес. Не можам ни да замислам колку трауматични настани како овој може да бидат, особено за децата кои ги загубија своите домови и чувството за безбедност“, напиша таа.
Објавата вклучува список на сите клубови во организацијата кои обезбедуваат сместување за погодените деца и семејства за време на пожарот.
„Заедно ќе изградиме се посилно“, заклучила латино пејачката.
Нејзината објава брзо предизвика лавина од коментари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бијонсе, по седум години, го обедини „Дестинис чајлд“

Бијонсе го прослави крајот на својата рекордна турнеја „Каубој Картер“ со многу посебно обединување со своите колешки од бендот „Дестинис чајлд“. Таа ја спушти завесата од турнејата на спектакуларен начин кога бендот повторно се обедини за серија хитови.
Поп-ѕвездата го одржа својот последен концерт на стадионот „Алегиант“ во Лас Вегас, а ѝ се придружија Кели Роуланд и Мишел Вилијамс.
Последниот пат кога триото настапи заедно беше во 2018 година кога Кели и Мишел се појавија на концертот на Бијонсе на Коачела.
Забава
Семејството на Ози Озборн згрозено од подлите теории на онлајн-троловите за трагичната смрт на рок-иконата

Семејството на Ози Озборн ги критикува теориите што се појавуваат на интернет за трагичната смрт на рок-легендата откога фронтменот на „Блек сабат“ на 76 години почина опкружен со љубов во својот дом вреден повеќе милиони фунти во Велдерс, Бакингемшир, минатата недела.
Шерон, неговата сопруга, со која беше во брак 43 години и мајка на нивните деца Ејми, Џек и Кели, беше покрај него кога почина. Екипите на воздушната брза помош се упатија кон семејната куќа за да го спасат пејачот, кој страдаше од Паркинсонова болест во неговите последни моменти. Во соопштението потпишано од неговото семејство се вели: „Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитувате приватноста на нашето семејство во овој момент“. Но, онлајн-троловите сега шират одвратни шпекулации дека иконата на Брами одлучила да си го одземе животот“, објави британски „Сан“.
За ова се дискутира дури и на американските радиостаници, вклучувајќи го и „Сириус икс ем“, каде што рок-иконата имаше свој канал. Шерон, Кели и Џек се згрозени од лажните наративи, кои тврдат дека тие биле вклучени во неговата одлука да си го одземе животот.
Семеен пријател синоќа изјави: „Семејството сè уште тагува и справувањето со оваа глупост е гнасно. Длабоко ги згрози Шерон и децата. Ози почина дома, а болничарите се обидоа да го спасат – факт. Едноставно, одвратно е бидејќи овие идиоти од социјалните медиуми не се веродостојни, но некако нивниот наратив се шири секој ден. Иако немаат никакво знаење, другите онлајн-корисници ги третираат овие лажни вести како факт. Човекот апсолутно сакаше да биде со своето семејство, а особено со своите внуци“.
Забава
Софија Вергара се оперира: „Заврши! Втора рунда“

Актерката Софија Вергара (53) објави на социјалните мрежи дека повторно морала да се оперира.
Една од најубавите актерки на денешницата, Колумбијката Софија Вергара (53), која стана позната по улогата во популарната серија „Модерно семејство“, објави на социјалните мрежи дека повторно се оперирала на коленото.
„Заврши! Втора рунда“, напиша таа и објави фотографија од болница.
Вергара ја покажа лузната на коленото минатата година. Во таа прилика, таа му се заблагодари на д-р Џастин Салиман, со кого на крајот имаше врска, која не траеше долго.
„Ако некогаш треба да се подложите на голема операција на коленото, имајте згоден доктор покрај вас кој ќе ја помине ноќта со вас“, напиша таа тогаш во објава на Инстаграм, а објави и фотографија од Салиман како стои до нејзиниот кревет.
Вергара отворено зборуваше за своите здравствени проблеми со години. На пример, во чест на Светскиот ден на ракот во 2022 година, таа отворено зборуваше за нејзината дијагноза на рак на тироидната жлезда на 28-годишна возраст.
„На 28 години, „рак“ не беше збор што очекував да го слушнам. Тоа беше само рутински преглед“, напиша Вергара на Инстаграм во тоа време. „Но, лекарите ми пронајдоа грутка во грлото и тој збор стана дел од мојата приказна.“
„Поминав безброј часови на третмани со зрачење и на крајот операци. Денес, можам да се наречам преживеана од рак“, продолжи таа.
Нејзината објава, исто така, вклучуваше стара фотографија од себе како гледа низ објективот на камерата, со лузна видлива на вратот. Таа напиша за тоа: „Ова беше мојот прв час по глума по мојата дијагноза и третман, а гледањето на лузната на моето грло ме потсетува колку благословена се чувствував тој ден – и секој ден оттогаш. Среќна сум и благодарна што можам да ја споделам мојата приказна и да кажам: раната превенција е многу важна!“