Македонија
Претреси во Скопје, приведени дилери на дроги и оружје
Полициските единици вчера приведоа лица за кои постојат докази за инволвираност во продажба на наркотична дрога.
На подрачјето на Скопје, врз основа на претходно издадени наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на домови на неколку локации, соопшти МВР.
„Извршен е претрес во дом на Н.З.(47) во Скопје, при што се пронајдени една пушка “црвена застава”, една ловна пушка, една воздушна пушка, еден тромболски додаток, пет цевки од огнено оружје, една цевка со механизам за окинување, осум патрони за ловна пушка, куршум, делови од огнено оружје и пет мобилни телефони. Н.З. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл. 396 од КЗ. Извршен е претрес и кај А.А.(31)во Скопје и при претресот пронајдена е марихуана и мобилен телефон. А.А. е лишен од слобода, а претходно, во текот на истрагата се обезбедени материјални докази за вршење на кривичното дело по член 215 од КЗ.
Исто така, извршен е претрес кај Р.Ш.(33), за кого претходно биле распишани шест централни потерници и локален распис поради бегство од затвор и за истраги за повеќе кривични дела. При постапувањето на полициските службеници, Р.Ш. се дал во бегство, но по кратко време е пронајден и лишен од слобода од страна на Единицата за интерветна полиција. При претресот во неговиот дом и дворот на куќата пронајдена е марихуана и дигитална вага. По завршување на претресот лицето веднаш е предадено во Затвор Скопје, а по документирање на случајот ќе биде поднесена и кривична пријава по чл.215 од КЗ.
Исто така, во соодејство со затворска полиција од КПУ Идризово извршен е претрес во КПУ Идризово, во соба каде што издржува казна затвор Н.Ш.(45) од Скопје и при тоа во ќелијата пронајден е мобилен телефон кој го користел Н.Ш., а во другите простории кои ги користеле осудени лица биле пронајдени мобилни телефони.
Против Н.Ш. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ, по претходно обезбедени материјални докази за инволвираност во недозволена трговија со дрога“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

