Свет
27-годишната Каролин Левит избрана за портпаролка на Белата куќа, најмлада во историјата
Каролин Левит (27) е именувана за нова портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, што ја прави најмладата личност на оваа позиција во историјата на Белата куќа. Последен пат некој помлад од 30 години ја извршувал функцијата во 1969 година за време на мандатот на претседателот Ричард Никсон, јавува Би-би-си.
По нејзиното назначување, Трамп рече: „Каролин Левит направи феноменална работа како прес-секретар за мојата кампања и со задоволство можам да објавам дека ќе служи како прес-секретар во Белата куќа. Каролин е паметна, цврста и се покажа како многу ефикасен комуникатор. Имам голема доверба во неа дека ќе биде брилијантна во оваа улога и ќе помогне да ја пренесеме нашата порака до американскиот народ“.
The Golden Age of America has begun. pic.twitter.com/jJudArLyYS
— Karoline Leavitt (@karolineleavitt) January 20, 2025
Левит ја изрази својата возбуда за својата нова улога на платформата „Икс“ (поранешен „Твитер“) пишувајќи: „Благодарам на вредните вработени во Белата куќа што подготвија сè за нашето пристигнување. Се гледаме набргу!“. Таа подоцна додаде: „Златната доба на Америка почна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини
Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност од „билиони долари“.
Тоа би значело воведување на универзални тарифи, од кои многумина стравуваат, а кои би влијаеле на целиот свет.
„САД ќе бидат светска престолнина на вештачката интелигенција и криптовалутите… Дојдете и правете ги вашите производи во Америка, но ако не, тоа е ваша одлука. Но, многу едноставно, ќе плаќате тарифи во различни износи, што ќе насочи стотици милијарди, дури и биллиони долари во нашата каса“, рече Трамп во обраќањето во Давос.
„Ја сакам Европа, но таа се однесува многу неправедно со Америка“
Трамп упати и критики до Европската Унија.
Рече дека царините и даноците во европските земји се превисоки, нивните регулативи се рестриктивни, трговскиот дефицит со САД е преголем и дека тужбите против американските компании како Гугл се неправедни.
„Планираме да направиме нешто околу тоа. Се обидувам да бидам конструктивен бидејќи ја сакам Европа. Ги сакам европските земји, но процесот е многу комплициран и тие се однесуваат кон САД многу, многу неправедно“, рече Трамп.
„Сè што сакаме од Кина е праведност“
Трамп беше прашан за односите меѓу САД и Кина.
„Сè што сакаме е праведност“, рече тој. „Ние само сакаме еднакви услови за игра“, додаде.
Трамп, исто така, рече дека се надева оти Кина може да им помогне на САД да ја прекинат војната меѓу Русија и Украина.
„Тие имаат големо влијание врз оваа ситуација“, рече тој.
Додаде дека сака да работи со Кина за денуклеаризација, истакнувајќи дека другите светски лидери, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин, ќе ја поддржат идејата.
Свет
Украина е подготвена да направи договор, рече Трамп
Претседателот на САД, Доналд Трамп во Давос, зборувајќи за војната во Украина, ги истакна напорите на неговата администрација да постигне мировен договор меѓу Москва и Киев, нарекувајќи ја војната „апсолутно поле за убивање“, какво што не е видено од Втората светска војна.
Трамп беше прашан и дали ќе има мировен договор до следната година.
„Треба да ја прашате Русија. Украина е подготвена да направи договор“, одговори американскиот претседател.
Трамп, меѓудругото, во своето обраќање истакна и дека ќе побара од сојузниците од НАТО да придонесат повеќе.
Тој рече дека повеќето земји не ги подмириле плаќањата додека не дошол на власт.
Трамп, исто така, истакна дека е одговорен за прекинот на огнот во Газа постигнат во последните денови од администрацијата на Бајден и враќањето на заложниците кај нивните семејства.
Свет
Новиот шеф на Тајната служба е агентот кој го чуваше Трамп за време на обидот за атентат
Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Шон Куран за нов директор на американската тајна служба. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп рече дека Куран е голем патриот кој го штител неговото семејство во последните неколку години.
Тој служеше како специјален агент задолжен за безбедноста на Трамп четири години. Скокна на сцената за да го заштити со своето тело за време на првиот обид за атентат на 13 јули во Батлер. Додека раководеше со обезбедувањето на Трамп, надгледуваше 85 луѓе.
„Тој ја докажа својата храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да помогне да се спаси мојот од куршум на атентатор во Батлер, Пенсилванија“, напиша Трамп. Куран се приклучи на Тајната служба во септември 2001 година.
Тајната служба, која е одговорна за заштита на сегашните и поранешните претседатели на САД, се соочи со криза откако вооружен маж успеа да го застрела Трамп од покривот на митинг на отворено во Батлер. Трамп беше погоден од куршум во десното уво, а еден учесник на митингот беше убиен во престрелката.
Напаѓачот, идентификуван како 20-годишниот Томас Крукс, на крајот бил убиен од снајперист на Тајната служба.