Забава
Цукерберг стави „допаѓање“ на фотографија на свршеницата на Безос: кога луѓето почнаа да ја споделуваат информацијата, го отстрани

По инаугурацијата, Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, присуствуваше на Starlight Ball, еден од трите главни настани по инаугурацијата, облечена во фустан од Долче и Габана. Таа подоцна сподели неколку фотографии од настанот.
Иако нејзината објава брзо собра илјадници лајкови и коментари, вниманието го привлече токму името на Марк Цукерберг, кое се појави меѓу лајковите.
Скриншотот од неговиот лајк на фотографијата на Лорен се прошири на социјалните мрежи.
„Цук, не лајковите се јавни на Инстаграм“, гласи еден коментар.
Меѓутоа, откако се дозна за неговиот лајк, Марк го отстрани бидејќи веќе го нема под фотографијата.
ZUUUUCKKK NOOOOO LIKES ARE PUBLIC ON INSTAGRAMMMM pic.twitter.com/X5h4bNKtay
— Daniel (@growing_daniel) January 21, 2025
На инаугурацијата на Доналд Трамп имаше многу забавни моменти. Цукерберг и неговата сопруга седеа покрај Џеф Безос и Лорен Санчез. Лорен носеше бел костим со длабоко деколте.
eyes up zuck ❤️ pic.twitter.com/OXHcdL9aVx
— ce n'est pas erica (@sourhoestarter) January 20, 2025
Во еден момент погледот на Цукерберг залута кон нејзиното деколте, а тоа буквално сите го забележаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Безос ја продаде својата вила во Вашингтон: го собори рекордот за најскап имот

Џеф Безос, сопственик на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари. Тој ја продаде својата луксузна вила во Хантс Поинт, Вашингтон, соборувајќи државен рекорд.
Продажбата на палатата на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува Washingtonian, рекордот го држела медитеранска вила во која престојувале повеќе од 12 шведски амбасадори, со 17,3 милиони долари.
Безос ја купи гореспоменатата вила во 2019 година по разводот со новинарката Мекензи Скот. За тоа платил 37,5 милиони долари, што значи дека од продажбата остварил профит од над 25 милиони долари. Вилата се простира на повеќе од 3 хектари и има три спални соби, четири бањи, лифт, тераса на покривот и стаклен мост што ја поврзува со гостинската куќа.
Забава
(Фото/Видео) Џенифер Лопез блескаше во розевиот комбинезон во боксот на Ферари

Џенифер Лопез со нови фотографии на Инстаграм предизвика лавина реакции. Пејачката присуствуваше на трката за ГН на Формула 1 во Саудиска Арабија, а обожавателите беа особено импресионирани од нејзината облека.
Лопез за оваа пригода избра тесен розов комбинезон од латекс, кој ја истакна нејзината фигура. „Донесуваме малку сјај во Ф1“, напиша таа покрај фотографиите кои за само неколку часа им се допаднаа на речиси 800.000 луѓе.
„Латина Барби“, „Како да си ја измислила розовата боја“, „Ф1 Барби“, „Еве ја мојата Барби кралица“, „Никој не може да ти парира“, „Изгледаш апсолутно прекрасно“, „Оваа жена е спектакуларна“, „Веќе победи во трката“, „Ние ја сакаме Џеј Ло Барби“, „Опседната сум со овој изглед“, „Ова е совршенство“, се само дел од коментарите.
Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.