Забава
Иванка Трамп ја покажа семејната атмосфера во Белата куќа: облеката ја усогласи со нејзината ќерка
Ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп, направи неколку семејни фотографии во Белата куќа. На групната фотографија, која ја сподели на Инстаграм, позира со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, нивните деца – Арабела (13), Џозеф (11) и Теодора (8) – и нејзините браќа и сестри.
На фотографијата се и синот на Трамп, Ерик Трамп и неговата сопруга Лара Трамп со нивните деца – синот Ерик Џуниор (7) и ќерката Каролина (5). На крајот од редот стоеше сестрата на Иванка, Тифани Трамп со нејзиниот сопруг Мајкл Булос.
Иванка и нејзината ќерка Арабела беа особено координирани, облечени во црвени палта и црни чизми.
За потсетување, Иванка на инаугурацијата носеше свечен фустан од Живанши, кој беше инспириран од креацијата што ја носеше Одри Хепберн во филмот Сабрина од 1954 година, во кој глумеше покрај Хемфри Богарт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.
Забава
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли за правниот процес со Балдони: „Сè се одвива во позадина“
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли открија како двојката се носи со правниот процес со Џастин Балдони.
Британскиот актер Хамфри Кер, во интервју за „Телеграф“, објасни дека парот поминува низ големи проблеми.
„Рајан и Блејк поминаа низ тешка ситуација во последните 18 месеци и на некој начин сè уште поминуваат низ тоа“, рече тој.
Додаде дека интересот на јавноста се зголемува и намалува, но дека ситуацијата и понатаму се одвива во позадина.
Лајвли го тужеше Балдони за сексуално вознемирување, што тој го негираше. Исто така, се очекува Лајвли и Балдони да сведочат на новото судење во март 2026 година.
Адвокатот на Балдони претходно изјави дека тој знае што не направил, како и што направил.
„Тој сака вистината да излезе на виделина и сака тоа да го направи на соодветен начин. Го чека својот ден на суд, каде што ќе може да проговори и да ја каже вистината“, рече.

