Свет
На Израелците им е продолжен рокот за повлекување на војниците од јужен Либан
Белата куќа најави продолжување на рокот за повлекување на израелските војници од јужен Либан до 18 февруари 2025 година. Страните ќе почнат и преговори за враќање на либанските затвореници заробени по 7 октомври 2023 година. Како што пишува АП, ова доаѓа откога Израел побара повеќе време за повлекување по истекот на рокот од 60 дена утврден со договорот за прекин на огнот, кој стави крај на војната меѓу Израел и Хезболах кон крајот на ноември.
Израел рече дека треба да остане подолго бидејќи либанската армија не беше распоредена во сите области на јужен Либан за да се осигури дека Хезболах нема повторно да воспостави присуство во областа. Либанската армија соопшти дека не може да распореди сили додека израелските војници не ја напуштат областа.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека „договорот меѓу Либан и Израел, под надзор на САД, ќе остане во сила до 18 февруари 2025 година“. Исто така, се наведува дека „релевантните влади ќе почнат преговори за враќање на либанските затвореници заробени по 7 октомври 2023 година“.
Според извештаите, повикувајќи се на либански здравствени власти, „израелските трупи во јужен Либан вчера отвориле оган врз демонстрантите, кои барале нивно повлекување според договорот за прекин на огнот, при што загинале најмалку 22 лица, а 124 се ранети“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад
Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад.
На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите.
„Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на студентите што ме одржуваат во живот, на сите луѓе што се со мене. Денес Нови Сад плаче, но јас се борам за тоа никогаш повеќе ниту една мајка да не заплаче,“ изјави Хрка, пренесува Индекс.
Таа додаде дека ќе продолжи да се бори самостојно и дека ќе штрајкува со глад пред Градското собрание во Нови Сад.
„Сакам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова,“ порача Хрка.
Трагедијата се случи пред една година, кога при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син Стефан. Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.
Регион
(Видео) Десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад
Десетици илјади луѓе се собраа во Нови Сад, Србија за да им оддадат почит на оние што загинаа кога се урна кровот на железничката станица пред точно една година.
Во 11:25 часот по локално време – моментот кога се случи инцидентот во вториот по големина град во Србија – учесниците на комеморативниот собир одржаа молк кој траеше 16 минути, по една минута за секоја од 16-те жртви.
NOVI SAD ❤️🩹
01.11.2025. pic.twitter.com/MTSRNb4YAx
— Shonetin (@kaonikotinn) November 1, 2025
Српските студенти – главните иницијатори на протестите кои бараат правда за одговорните за инцидентите нагласија дека ова е мирен собир и ги повикаа оние кои сакаат да се приклучат да дојдат без свирежи или транспаренти и да почитуваат тишина. Луѓето се собраа на сите главни патишта, плоштади, пазари, како и во студентскиот град.
Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.

