Забава
Транспарент посветен на Северина на протестите во Србија
Постер на протестот во Зрењанин, Србија, ја воодушеви Северина. Имено, еден од демонстрантите напишал „Севе е со тебе“ на плакатот и додал цртеж од пејачката.
Заедно со тоа се појави уште еден транспарент со стихови, парафразиран текст од нејзиниот хит „Моја штикла“.
Северина ги сподели транспарентите на својот инстаграм-профил.
Северина од самиот почеток ги поддржува белградските студенти во нивните блокади против владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мадона го критикуваше Доналд Трамп: „Тој ја уништува слободата за која се боревме со години“
Мадона, која ја поддржуваше Камала Харис во претседателската кампања, сега јавно го критикуваше Доналд Трамп, кој сака да воведе забрана за трансродовите лица да служат во американската војска.
„Тажно е да се гледа дека нашата нова влада полека ја урива сета слобода за која се боревме и ја постигнавме низ годините“, напиша пејачката на Икс, додавајќи емотикон со срце и ЛГБТК знаме.
It’s so sad to watch our new Government slowly dismantling all the Freedoms we have been fighting for and WON over the years. 🏳️🌈💔
Don’t give up the Fight! pic.twitter.com/6FiziYa2zM— Madonna (@Madonna) January 28, 2025
„Не се откажувајте од борбата“, напиша таа подолу.
Во коментарите под нејзината објава, набрзо избувна огромна дебата меѓу луѓето кои ги поддржуваат нејзините ставови и оние кои се на страната на Доналд Трамп.
Забава
Бред Пит фотографиран во Беверли Хилс во лежерна облека и брада: обожавателите велат изгледа постаро
Бред Пит го привлече вниманието на фотографите во Беверли Хилс кога влезе во една од деловните згради таму.
Дојде облечен сосема лежерно – во зелена кошула и панталони, патики и капа. Ја искомбинирал и со очила за сонце. Обожавателите забележале дека 61-годишниот актер пуштил брада, поради која велат дека изгледа постаро.
Ова воедно е прво појавување на Бред Пит во јавноста откако неодамна ја заврши постапката за развод со Анџелина Џоли по осум години борба.
Забава
Сопругата на Метју Меконахи го прослави роденденот, актерот и посвети посебна објава
Сопругата на Метју Меконахи, Камила Алвес вчера го прослави својот 42 роденден. По тој повод, актерот и посвети специјална објава на Инстаграм.
„Среќен роденден“, напиша накратко.
Тој објави и видео од Камила како влегува во кадар и позира странично пред камерата, додека на видеото се појавува текстот „Вистинската работа, благодарам“. Видеото е снимено како краток уметнички филм и е лајкувано повеќе од 12 илјади пати.