Забава
Не се забавни: хороскопски знаци што немаат смисла за хумор
Чувството за хумор често е клучно за градење врски, за ублажување на напнатоста и создавање пријатна атмосфера. Но, има луѓе кои едноставно не одговараат на шеги, не го разбираат сарказамот, па дури и сметаат дека е несоодветен.
Таквиот недостаток може да биде резултат на нивната личност, животни искуства или моментално расположение. Според астролозите, одредени знаци се премногу сериозни и немаат добра смисла за хумор. Во продолжение ви откриваме кои се знаците.
Јарец
Јарците се познати по својата сериозност и посветеност на целите. Нивниот фокус на работата и обврските често ги спречува да се опуштат и да уживаат во хуморот. Тие понекогаш ги доживуваат шегите како непотребно губење време, а сарказмот може да им избега.
Девица
Девиците се перфекционисти кои сакаат сè да има смисла, вклучително и хуморот. Шегите кои се несериозни или бесмислени често ќе ги остават рамнодушни. Нивната сериозна природа ги прави одлични соговорници, но не и нужно забавно друштво.
Бик
Биковите често се фокусирани на практичните аспекти од животот, па хуморот не е високо на нивната листа на приоритети. Нивниот мирен и стабилен карактер понекогаш може да се толкува како досаден, а нивната неподготвеност да се вклучат во духовити дискусии може да остави впечаток на недостаток на смисла за хумор. Сепак, во опуштена средина можат да бидат забавни, но на свој начин.
Рак
На Раковите им е поважна емоционалната сигурност отколку хуморот. Иако се сочувствителни и често сакаат да ги насмеат другите за да создадат пријатна атмосфера, тие не се склони кон шеги кои би можеле да повредат некого. Нивната смисла за хумор е често поврзана со нивната емоционална состојба, што значи дека нема да одговараат на шеги ако се чувствуваат навредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

