Култура
Познати полуфиналистите од традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024
Тричлените жири-комисии задолжени за избор на добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година со анонимно гласање ја направија првата селекција на дела што влегуваат во вториот круг од конкурсот.
За наградата „Стале Попов“, за најдобра прозна книга објавена во 2024 г. од страна на писател член на ДПМ, од вкупно пријавените 11 дела, во полуфиналниот круг влегуваат следните 7 наслови:
1. „Ветрилиште“ (Игор Анѓелков, „Или-или“)
2. „Собирачите на пластични шишиња“ (Љубинка Донева, „Современост“)
3. „Кој го уби Едгар Алан По“ (Владо Јаневски, „Или-или“)
4. „Леска Брезоска“ (Симона Јованоска, „Или-или“)
5. „Човек глагол (Homo-verbum)“ (Елизабета Јончиќ, „Слово љубве“)
6. „Приказничар“ (Жарко Кујунџиски, „Антолог“)
7. „Јод“ (Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или-или“)

За наградата „Ацо Шопов“, за најдобра збирка поезија објавена во 2024 г. од страна на автор член на ДПМ, од вкупно 16 дела, во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови:
1. ,,Рајсфершлус“ (Јулијана Величковска, „ПНВ Публикации“)
2. „Бог на ба(к)терии“ (Митко Гогов, „Макавеј“)
3. ,,Јазикот што само ние го разбираме“ (Зоран Јакимоски, „ПНВ Публикации“)
4. „На грбот на неповратот“ (Владо Јаневски, „Агенција за иселеништво“)
5. „Светлината во нашите вени“ (Стефан Марковски, „Современост“)
6. „Одглас (на нечуеното)“ (Сузана Мицева, самиздат)
7. „Непронајдено прибежиште“ (Сашо Огненовски, „Антолог“)
8. „Посвети и пофалби“ (Ивица Џепароски, „Дијалог“)

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2024 г. од страна на автор член на ДПМ, од вкупно 9 конкуренти, во полуфиналниот круг влегуваат следните 6 наслови:
1. „Бакнежи на небото“ (Иван Антоновски, „Светулка“)
2. „Играме, растеме“ (Владо Димовски, „Арс Ламина“)
3. „Саканија“ (Љубинка Донева, „Панили“)
4. „Со големо Д (прозен воспев на Другарството)“ (Александар Кујунџиски, „Антолог“)
5. „Очи во очи“ (Ели Маказлиева, „Едука Мак“)
6. „Првото жарче Љ У Б“ (Велко Неделковски, „Арс Ламина“)

За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика или есеистика, од вкупно пријавените 6 книги во вториот, истовремено и финален круг влегуваат следните 3 наслови:
1. „Книжевни паметници“ (Наташа Аврамовска, Институт за македонска литература)
2. „Жени во македонската книжевност од XIX век“ (Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература)
3. „Дом во тишина“ (Никола Маџиров, „Арс Ламина“)

За наградата „Мост“, која се доделува на книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат националностите во Македонија, се пријавени следните 3 дела:
1. „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“, Гордана Јовиќ Стојковска, „Слово љубве“),
2. “Vetëtimat e heshtjes” („Молњи на молкот“, Делвина Крлуку, самиздат) и
3. “Kopeja Me Zgjebe ndjek autorin” („Шугавото стадо го брка авторот“, Каљош Челику, самиздат)
Делата-финалисти за секоја од петте награди ќе бидат објавени на 4 февруари, а тоа е воедно денот кога на секој член на жири-комисија ќе му биде обзнанет составот на тричлената жири-комисија. Во следните неколку дена, петте жири-комисии ќе се состанат и ќе одлучуваат за победниците, кои ќе бидат обзнанети на 11 февруари на прес-конференција во Друштвото на писателите на Македонија. Наградите на ДПМ за 2024 г. ќе бидат свечено врачени на 13 февруари 2025 г., денот на кој ДПМ ќе одбележи 78 години од своето основање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Лилјакот“ од Јохан Штраус II на сцената на МОБ на 23 и 26 декември
Во празничниот декемвриски репертоар, Националната опера и балет најавува две изведби на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, кои ќе се одржат на 23 и 26 декември 2025 година со почеток во 19.30 часот. Ова ремек-дело, кое ја освои публиката уште со својата премиера, повторно ќе блесне на големата сцена на МОБ.
Диригент на изведбите е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајн е Милчо Александров.
Во солистичката екипа на настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимаглоски(23.12.) / Благој Нацоски(26.12.), Биљана Јосифов, Нада Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Христијан Антовски, Марјан Николовски, Александра Лазаровска Василевски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.
Култура
Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година.
Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ул. „Максим Горки“ бр. 18, Скопје) секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.
Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]
Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2026 година и да ја објави на прес-конференција.
Наградата „Роман на годината“ годинава ќе се додели 27-ти пат.
Романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска („Или-или“, 2024) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2024 година.
Култура
Младиот кочански рок бенд „Корка“ на 14 декември настапува на меѓународен музички натпревар во Брисел
Кочанскиот рок бенд „Корка“ ќе настапи во финалето на меѓународен музички натпревар во рамките на проектот „Imagine Experience“. Нивниот настап ќе биде на 14 декември, недела, во културниот центар „La Botanique“ во Брисел, Белгија, каде ќе ја делат сцената со други млади бендови од Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Унгарија, Холандија, Велика Британија и Зимбабве. Натпреварот ќе може да се следи во живо онлајн и гледачи од дома ќе можат да гласаат.
„Корка“ првично беа победници на националниот натпревар од „Imagine Macedonia“, кој се одржа на 10 октомври во Младинскиот културен центар, во рамките на фестивалот „Здраво млади“, на кој тие се натпреваруваа со други просперитетни македонски бендови како „Sunneater“, „The Pot“, „Tsar von Time“, „Venom“, „LSD During War“, „Мираж“ и „Големата вода“.
Во изминатата година „Корка“ се покажаа како еден од најважните нови гласови во македонската алтернативна сцена, отсликувајќи го гневот на младите луѓе преку нивниот тврд, емотивен и некомпромитирачки звук. Тие се истакнаа со нивниот самонасловен албум, кој беше издаден во мај оваа година, како и преку низа концерти низ државата и во Србија.
Освен со својата музика, „Корка“ придонесува на културната сцена и преку нивното организирње на настани во Кочани. Членовите од бендот, повеќето од кои сѐ уште во средно училиште, беа движечката сила зад дводневниот хуманитарен фестивал „Расплет“, кој се одржа кај Споменикот на слободата во градот. Фестивалот беше посветен на нивната другарка Сара Алексова, која воедно беше и првата тапанарка на бендот, која го загуби својот живот во пожарот во дискотеката „Пулс“.

