Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните гладни, сега глуми поддршка, вели СДСМ

„Македонија е сведок на уште едно класично понижување на граѓаните! Со месеци цените растеа до небо, граѓаните едвај преживуваа од плата до плата, а власта на ВМРО-ДПМНЕ немо стоеше и гледаше како трговските ланци ги цицаат парите на луѓето. Сега кога граѓаните сами се кренаа, тие глумат дека се на негова страна!“, велат од СДСМ.
„Колку пати кажавме? Колку пати алармиравме? Опозицијата со месеци ги повикуваше властите да преземат мерки, да ги сопрат маркетите во нивната бескрупулозна алчност, да донесат конкретни решенија што ќе го олеснат животот на граѓаните. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ молчеше и ги лажеше со шарени ПР кампањи, а сега, кога граѓаните се бесни и решија самите да се борат, тие сакаат да се вклучат во борбата како некакви спасители?! Ова не поминува.
Овој бојкот не е само бојкот против маркетите! Ова е бунт против нечесната власт која со својата неспособност и алчност дозволи народот да биде ограбен! Колку и да се обидуваат да се преправаат, луѓето знаат која е вистината – ВМРО-ДПМНЕ стоеше со скрстени раце додека цените одеа во облаци, додека луѓето броеја денови до следната плата, додека пензионерите не знаеја како да ги платат сметките.
СДСМ ја поздравува храбрсота на граѓаните да се самоорганизираат и ги преземат работите во свои раце. СДСМ уште еднаш ја повикува власта да ги прифати мерките кои со сигурност ќе го решат проблемот: да се укине ДДВ на храна, да се покачи минималната плата и да се покачат платите во другите сектори“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Уште 13 полициски службеници и началници се приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од Обвинителството најавија дека соопштение ќе има во текот на утрешниот ден.
Македонија
МОН: Стручното образование е силна страна на македонскиот образовен систем, креира квалитетен и побаруван кадар на пазарот на трудот

„Во средните стручни училишта во Македонија успешно функционира концептот на дуално образование во чија реализација е вклучена и бизнис заедницата. Училиштата и компаниите заедно содаваат квалитетен кадар кој полесно може да се снајде на пазарот на трудот. Затоа, развојот и проширувањето на овој концепт ќе биде наш приоритет и во следниот период“.
Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на панел дискусија „Достапност на квалификувана работна сила: предизвик и стратешки фактор за инвестициски одлуки и економски раст“, организирана во рамки на Првиот македонско – германско бизнис самит, со кој АХК германската стопанска комора во Македонија одбележува 25 години постоење.
Ивановска рече дека од самиот почеток на мандатот, новото раководство во МОН се заложи за унапредување на законската регулатива, бидејќи таа е основ за спроведување на образовните политики, новите мерки и активности со кои ќе се остварат целите од владината програма за градење на поквалитетен образовен систем.
„Во новиот Закон за стручно образование и обука системски се уреди концептот на дуално образование, се прецизираа обврските на сите учесници во реализацијата. На пример се дефинираше кој и како може да стане ментор на учениците, компаниите да им исплаќаат месечен надомест на практикантите, да им овозможат заштита и безбедност при работа и така натаму. Со Законот за средно образование пак, се предвиде поголема поддршка за талентираните ученици, се воведуваат кариерни советници што ќе ги насочуваат учениците и сето ова е во интерес на создавање на потребната квалификувана работна сила“, рече Ивановска.
Осврнувајќи се на регионалните центри за стручно образование и обука рече дека тоа се всушност средни стручни училишта кои се трансформираат во образовни установи со поголема вредност и повеќе функции, обврски и одговорност.
„Таму не само што се реализира средно стручно образование за ученици, туку идејата е да се реализира и образование и обука на повозрасни кои имаат потреба од доквалификација, преквалификација и слично, за да станат конкурентни на пазарот на трудот. Фреквентноста на луѓе ќе биде многу поголема. Центрите ќе прават и анализи на пазарот на трудот, ќе креираат програми за настава и обука и така натаму“, рече Ивановска, додавајќи дека во моментов се формирани 7 регионални центри, а до 2028 година ќе се формира осмиот и последен, што како обврска е предвидено во Реформската агенда.
Државниот секретар информираше дека во регионалните центри се вложуваат големи износи на средства за да има добри училници, опремени кабинети, работилници и соодветни сместувачки капацитети. Средствата во најголем дел ги обезбедува Европската унија, а Ивановска ја повика и бизнис заедицата да помогне во модернизацијата на инфраструктурата, затоа што, како што рече, училиштата се инкубатори на човечки капитал кој и нив им е потребен.
На панел дискусијата модерирана од Дејан Чуповски, раководител на програмата за дуално образование при АХК германската комора, се обратија и програмската директорка на Источниот комитет на германското стопанство, директорот на средно стручно училиште „Св. Наум Охридски“ во Охрид, Сашо Недески, раководителката на одделот за глобална техничка и комерцијална обука во компанијата Дрекслмаер, Барбара Гербер и управниот директор на компанијата Унија Груп, Бранислав Серафимоски.