Свет
Бидете внимателни со „Дип сик“, предупредува Австралија

Aвстралискиот министер за наука, Ед Хусич, стана првиот член на западна влада кој изрази загриженост за приватноста при користењето „Дип сик“. Кинеската технологија, од „Хуавеј“ до „Тик-ток“, постојано беше предмет на обвинувања за наводните врски на компаниите со кинеската држава, што доведе до стравувања од потенцијално собирање податоци од луѓе за разузнавачки цели.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „Дип сик“ е повик за будење за САД, но не сугерира дека тоа е закана за националната безбедност. Наместо тоа, тој рече дека кинескиот чет-бот може да биде дури и добра работа ако ги намали трошоците.
Сепак, Хусич изјави за „Еј-би-си њуз“ дека многу прашања остануваат неодговорени, вклучително и оние за управување со податоците и приватноста.
„Би бил многу внимателен во врска со ова, ваквите прашања треба внимателно да се мерат“, рече тој.
Корисниците во Велика Британија и САД досега не покажаа таква претпазливост. „Дип сик“ веднаш скокна на врвот на продавниците за апликации во двете земји.
Политиката за приватност на „Дип сик“ наведува дека собира голема количина лични податоци на корисниците, кои потоа се складираат на безбедни сервери во Кина.
Овие податоци може да вклучуваат: вашата адреса за е-пошта, телефонски број и датум на раѓање, внесени при креирањето на вашата сметка, сите внесувања на корисникот, вклучувајќи текст и аудио, како и историја на разговори, таканаречени технички информации – почнувајќи од моделот на телефонот и оперативниот систем до вашата IP-адреса. Беше објаснето дека овие податоци се користат за подобрување на „Дип сик“ со зголемување на неговата безбедност и стабилност. Овие податоци се споделуваат со други, даватели на услуги и рекламни партнери, кои ќе ги чуваат колку што е потребно.
Иако апликацијата собира многу податоци, аналитичарите истакнува дека политиките за приватност се многу слични како оние на „Чет џи-пи-ти“ и „Џемини“, па дури и социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.