Забава
(Видео) Официјален трејлер за третата сезона на серијата „Белиот лотос“
ХБО објави официјален трејлер и главен вижуал за со „Еми“ наградената оригинална серија „Белиот лотос“ (The White Lotus). Третата сезона од осум епизоди ќе има премиера на 17 февруари.
Оваа општествена сатира е сместена во ексклузивното тајландско одморалиште и ги следи подвизите на најразлични гости и вработени во период од една недела.
Во главните улоги настапуваат: Лесли Биб, Кери Кун, Волтон Гогинс, Сара Кетрин Хук, Џејсон Ајзакс, Лалиса Манобал, Мишел Монаган, Сем Нивола, Лек Патравади, Паркер Поузи, Наташа Ротвел, Патрик Шварценегер, Тејм Таптимтонг и Ејми Лу Вуд. Во споредните улоги ќе ги гледаме: Николас Дуверне, Арнас Федеравичиус, Кристијан Фридел, Скот Глен, Дом Хетракул, Јулијан Костов, Шарлот Ле Бон, Моргана О’Рајли и Шалини Пејрис.
Креатор, сценарист и режисер на третата сезона е Мајк Вајт кој воедно е и извршен продуцент заедно со Дејвид Бернад и Марк Кемин.
Првата сезона, која имаше премиера во јули 2021 година и дејството беше сместено на Хаваите, доби 20 номинации за „Еми“ во 13 категории и освои 10 награди, најмногу освоени награди таа година вклучувајќи ја и наградата за најдобра минисерија или антологиска серија. Втората сезона која имаше премиера во декември 2022 година беше снимена на Сицилија и доби 23 номинации за „Еми“ и освои 5 награди меѓу кои и онаа за најдобра драмска серија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Секси водителката се погрижи сите да гледаат во неа
Прекрасната британска водителка Аманда Холден (54) привлекува внимание каде и да се појави, без разлика дали е на улица или на свечен настан, што не е изненадувачки со оглед на тоа што има околу шеесет години, а изгледа многу помладо.
Токму нејзината младост ѝ дава самодоверба и храброст да носи дури и најпровокативни комбинации, па затоа сексипилната Британка повторно беше во центарот на вниманието благодарение на донекаде неочекуваната креација што ја носеше.
Таа присуствуваше на доделувањето на модните награди во Лондон со својата 19-годишна ќерка Лекси, а за овој празничен настан се погрижи буквално сите очи да бидат вперени во неа.
Како? Со тоа што носеше впечатлива, смела креација во форма на сатенски фустан кој имаше многу провокативен детаљ на грбот што беше навистина невозможно да не се забележи.
Горниот дел од фустанот е во форма на корсет со гол грб и исечок на долниот дел од грбот што наликува на танга гаќички, кој е обликуван во машна на предната страна и го нагласува струкот.
Таа ја заокружи оваа смела комбинација, поради која беше во центарот на вниманието, со елегантни, препознатливи чевли Лубутен, а нејзината ќерка не беше помалку провокативна, следејќи ја мајка си во изборот на црн фустан.
Забава
(Видео) Костимот на Џулија Робертс е сè што ви треба за да бидете оригинални
Џулија Робертс е позната по својата природна убавина и беспрекорен стил. Уште во 1990-тите, актерката разви уникатен моден израз кој не ги следи модните трендови, туку го следи својот личен стил.
Таа и дава предност на една модна комбинација пред другите, и се чини дека овој стил на облекување останал ист до ден-денес. Ова се разновидни одела кои кажуваат повеќе за нејзината личност отколку што некогаш би можела да каже сама.
Како и да е, на Џулија не може да ѝ се одрече нивото на самодоверба што секогаш ја носи со себе – а тоа е забележливо и во нејзините модни избори.
И така беше и овој пат…
Актерката присуствуваше на годишните награди „Готам“ во Њујорк и прошета по црвениот тепих во шик костум од Том Форд. Станува збор за преголем сатенски костум во виолетова боја со дискретен дезен со точки.
Костимот е украсен со интересни, да речеме машки детали, (двојно закопчување и џеб во горниот лев агол) кои беа впечатлив дел од комбинацијата.
Стајлингот го заокружи со елегантни црни чевли, но и тенки ѓердани. Насмевката што ја покажуваше во текот на целата вечер беше исто така забележлива.
Забава
(Видео) Кралицата на необичните изданија повторно шокира: Дали и ова е фустан?
Многу познати личности блеснаа на доделувањето на наградите „Готам“ во Њујорк, а покрај Џулија Робертс, која привлече внимание со својот сатенски костум, цел на модните критичари беше пејачката и претприемачка Ријана.
Ријана одлучи да облече преголем фустан за оваа пригода, поточно, подуена креација која го носи потписот на брендот „Баленсијага“. Станува збор за минималистичка тоалета во пудресто розова боја која уникатно го отсликува бунтовничкиот дух на Ријана.
За да го комплетира стајлингот, таа додаде скапа огрлица во розови и виолетови тонови, како и пердувеста шапка која дополнително го нагласуваше нејзиниот смел моден израз.
Впечатливи беа и црните кожни ракавици, кои на целиот аутфит му дадоа современа нота.
Секако, друштво на овој настан ѝ правеше нејзиниот сопруг АСАП Роки, кој носеше едноставно одело од Шанел во кафеава боја.

