Свет
Сведок на авионската несреќа: Видов само бела светлина

Седумнаесетгодишен сведок на фаталната авионска несреќа во Вашингтон имал застрашувачки близок поглед на трагедијата.
Џими Мазел изјави за Си-Ен-Ен дека вечерал во Гравелли Поинт Парк, мал јавен зелен простор во Арлингтон, недалеку од националниот аеродром Реган.
„Забележав бела светлина што паѓа од небото и не бев сигурен што е тоа. Бев многу загрижен за тоа што може да биде“, рече Мазел.
Било премногу темно за да види што точно се случува, а деталите ги дознал кога разговарал со новинарите собрани во Арлингтон.
„Сè уште сум шокиран. Сè уште сум потресен“, рече Мазел.
Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Според информациите, во несреќата нема преживеани лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Има жртви откако возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада

Неколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви.
Полицијата соопшти дека возачот е во притвор по инцидентот во саботата во близина на улицата Фрејзер и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си.
Се наведува дека полицијата ќе објави повеќе информации како што ќе се одвива истрагата.
Свет
Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир.
„Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир“, напиша таа на официјалните социјални мрежи по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциско.
Претседателката на ЕК додаде дека со украинскиот претседател разговарала и за чекорите што ги презема Киев за да го заслужи своето место во европското семејство.
Свет
(Фото) „Ова не е Октоберфест“ – Германски политичар критикуван од тоа што направи на погребот на папата

Откако објави селфи на социјалните мрежи на кое се гледа како се смее пред погребот на папата Франциско во Ватикан, баварскиот премиер Маркус Зодер се соочи со критики.
„Тукушто слетав во Рим: сега сме во конвој со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на пат кон Ватикан за погребот на папата Франциско“, објави Маркус Зодер на „X“ заедно со фотографија на која се смее.
Ова предизвика бројни реакции и критики.
„Несоодветно е да се прават селфиња на погреб. Ова не е Октоберфест. Треба да бидеме среќни што Зедер нема ќебап во рака“, напиша германската политичарка Мари-Агнес Штрак-Цимерман (ФДП).
Gerade in Rom gelandet: Nun geht es im Konvoi mit Bundespräsident Frank-Walter Steinmeier in den Vatikan zu den Trauerfeierlichkeiten für den verstorbenen Papst #Franziskus. pic.twitter.com/FgbiwUVSNW
— Markus Söder (@Markus_Soeder) April 26, 2025
Фотографијата на Зодер беше критикувана и од многу корисници на социјалните мрежи.
Покрај тоа, Зодер објави серија фотографии пред и по погребот на папата, што доведе до тоа многумина да го обвинат дека се однесува како да дошол на забава, а не на погреб.
View this post on Instagram
„Многу трогателни моменти во Рим непосредно пред почетокот на погребот. Папата Франциск многу ќе ни недостига. Трогателно е да се види колку луѓе се собираат тука на плоштадот ‘Свети Петар’ во Ватикан и низ целиот свет пред телевизорите за да му оддадат последна почит“, напиша тој во еден од своите објави денес.