Македонија
Хелсиншкиот комитет: Неказнивоста на криминалците ја плаќаме со уште една трагедија

Феноменот на неказнивоста, деценски присутен во нашето општество, уште еднаш доведе до трагедија во која животот го изгуби 22-годишната Фросина Кулакова. Судејќи според информацијата објавена од страна на Обвинителството, станува збор за сторител на повеќе тешки кривични дела, од кои едното, исто така е сообраќајна незгода, во која едно лице било повредено, а тој и понатаму продолжил да учествува во сообраќајот, без да поседува возачка дозвола.
Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека ваквото провлекување во правниот систем несмонено укажува на пропуст на институциите да превземат соодветни мерки за да се спречи понатамошното вршење кривични дела во сообраќајот.
„Сѐ уште не се познати сите правни моменти во случајот и причините поради кои му се овозможило на сторителот на ваков начин да го изигрува правниот систем, но тоа е прашање на кое ќе треба да одговорат органите на прогонот и другите надлежни институции. Граѓаните повторно се наоѓаат во состојба на правна несигурност, страв и уште повеќе зголемена недоверба во инстуциите и правосудниот систем. Трагедии од ваков вид треба да дејствуваат мотивирачки на институциите, конечно, да преземат неодложни мерки за спречување на влијанијата на корупцијата, кои патем речено се главните причини за постоење на неказнивоста во нашиот правен систем. Државата, пред сѐ, треба да презема мерки граѓаните да живеат во општество во кое институциите треба да им ја овозможат правдата сигурноста и благосостојбата“, се вели во соопштението.
Жртвите како младата Фросина се темна дамка и потсетник за тоа дека сѐ додека постојат вакви случаи, државата не успеала да им го обезбеди на граѓаните она што им го гарантира со Уставот и законите. Хелсиншкиот комитет за човекови права во наредниот период ќе собира информации од надлежните институции и во зависност од констатираната фактичка состојба ќе предложи свои препораки до надлежните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекршочни постапки за ТВ 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025.
„Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М на 18 октомври, првиот ден од изборниот молк, емитуваше реприза на посебната информативна програма Клик плус – Изборни дебати, премиерно емитувана на 17.10.2025, реализирана како дебата во која учествуваат тројца кандидати за градоначалник на Општина Центар, односно емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите.
ТВ Шутел на 18 и 19 октомври за време на двата дена од изборниот молк, емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите, односно емитуваше музички спот и документарна емисија во кои се појавува кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари“, соопштија од Агенцијата.
Македонија
(Видео) Уапсени две лица од Крушево за поткуп при избори и гласање

Две лица се уапсени, а пет се повикани на разговор во полиција во врска со кривично дело поткуп при избори и гласање, соопшти МВР.
Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Исто така, регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
Генерално, од МВР велат дека локалните избори се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава.
Од таму велат дека се преземаат мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес и дека до сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.
Македонија
(Видео) До 13 часот гласале 20,12 отсто од избирачите

До 13 часот од добиени информации од 3.207 избирачки места од 1. 666. 298 запишани гласачи, гласале 335.244 или 20,12 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Богданци, Вевчани, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Кратово, Крива Паланка, Лозово, Новаци, Ранковци и Чашка.
Најмала излезеност досега има во Босилово, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Дебар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Пласница, Радовиш, Струга и Шуто Оризари.
До 13 часот во Град Скопје гласале 20,07 отсто од избирачите. За споредба, на локалните избори во 2021 до 13 часот гласале 20, 76 отсто од гласачите.
До моментот на одржување на прес- конференцијата, до ДИК нема никакви дојави за неправилности и нерегуларности.