Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС метастазирал и во Клиниката за дерматологија
Криминалот на СДС за време на седумгодишното владеење нема пора во општеството каде не се проширил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Малигниот криминал на кадрите на СДС, метастазирал дури и во најсуштинските гранки на општественото делување, како што е здравството.
Последната метастаза на криминалот на СДС е дијагностицирана во Клиниката за дерматологија.
Кадрите кои СДС ги постави за раководство на клиниката наплаќало услуги од пациенти и за тоа не поднесувале извештај во Министерството за здравство. И сето ова го констатира Државниот завод за ревизија во Извештајот изготвен во 2024 година, за работата на клиниката во периодот од 2023 година.
Клиниката за дерматологија секако има право да дава услуги на пациенти кои пациенти кои плаќаат со лични средства и на странци во делот на козметологија, но за тоа е потребно на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството и тоа, за обемот и видот на извршените здравствени услуги.
Исто тоа, Клиниката овој тип на работа, односно давањето на здравствени услуги кои пациентите ги плаќале приватно, го извршува без согласност од Министерството за здравство.
Дополнително, ДЗР констатира Клиниката немала одобрен ценовник од Министерството за здравство врз база на кој ќе ги дава и наплаќа здравствените услуги.
Со сето ова дадени услуги наплатени приватно со парите на граѓаните, Клиниката ги наплаќала незаконски.
За сето ова го повикуваме Јавното обвинителство да постапи по Извештајот на ДРЗ кој констатира низа на пропусти и злоупотреби и да ги истражи истите овие наводи.
ЈО треба да отвори истражна постапка како се наплаќале парите, колку се наплаќало, каде завршиле и дали дел од парите завршувале и во приватни џебови“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

