Македонија
(Видео) Марков: Во време на СДС се вршени злоупотреби со лековите
Раководството на Клиниката за дерматологија од СДС манипулирало со лековите за ретки болести, констатира Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година, кажа денеска на прес конференција, Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Kлиниката за дерматологија е вклучена во Програмата за ретки болести за лекување на 19 пациенти. За 2023 година на Клиниката се однесени лекови за ретки болести во вредност од над 37 милиони денари. Според Извештајот на ДЗР по пресметките кои се направени и интерната евиденција се разликуваат со сума од над 1 милион денари. Кога ДЗР побарало од пациентите податок за видот и количината на лекови кои ги имаат подигнато од Клиниката, податок дале само 13 пациенти, а утврдено е дека кај нив има залиха на лекови кои се подигнати, а не се потрошени во вредност од 31 милион денари, од кои пари, 39% се лекови со поминат рок“, вели Марков.
Според него, очигледно е дека „раководството на СДС од Клиниката за дерматологија не водело сметка за скапите лекови кои ги дава, ниту имало соодветен регистар, ниту пак соодветна методологија“.
„ДЗР констатира злоупотреба на повеќе нивоа, а ЈО молчи. Недвосмислено се гледа дека во време на СДС Клиниките немале вистински менаџмент со лековите, а со тоа и со парите на граѓаните, се трошеле милиони, без да се знае каде, на што, дали е потребно и колку. Тоа е трулиот систем од кој ВМРО-ДПМНЕ е исправена да го вади здравството“, заклучи Марков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

