Македонија
(Мапа) Познато е каде ќе се движат граѓаните на денешниот протест за Фросина – почнува во 17 часот
Денеска во 17 часот ќе се одржи голем протест во Скопје под паролата „Секој еден може да е следен“. Протестот ќе почне пред Универзалната сала, а потоа насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
„Ги повикуваме сите загрижени граѓани да излезат и да го изразат својот револт кон системот, кој одново потфрли. Колку несреќи треба да се случат за одговорните да ја сносат својата одговорност? Колку пати треба да се докаже дека улиците се небезбедни, пред да се интервенира во урбаната инфраструктура? До каде ќе оди преќутното одобрување и возвишување на девијантното однесување?
Заедно ќе бараме одговори на овие прашања на денешниот протестен марш. Почнувајќи пред Универзална сала, преку Собрание, Основното јавно обвинителство и завршувајќи пред Кривичниот суд, институциите мора да го слушнат гласот на народот. Освен до институциите, мора да се прати јасна и недвосмислена порака и кон секој од нашето општество, дека дивјачкото однесување МОРА да се осуди и да се направи сѐ, за во иднина да нема потреба од ваков протест“, пишува во објавата на иницијативата „Кој е следен?“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија
Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука.
Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“ и „Правда за Фросина!“.
„Секој еден може да е следен“ порачаа насобраните граѓани пред Законодавниот дом, додавајќи „Нема правда, нема мир“.
Родителите на Фросина и натаму се во првиот ред.
Оттука тие ќе се упатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе завршат пред Кривичниот суд.
Македонија
(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието
Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Протестот почна со 3 минутен молк.
Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други.
Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш:
1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација;
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети;
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.
Македонија
(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот
Протестот на Партизанска започна со три минутен молк.