Македонија
(Фото) Муцунски на Универзитетот Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Бостон, вчера се обрати на 11-тата Европска конференција на Универзитетот Харвард, насловена „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок“. Овој настан претставува еден од најзначајните форуми за трансатлантски дијалог и европски прашања во САД, обединувајќи водечки научници, креатори на политики, лидери и студенти од двете страни на Атлантикот.
Во своето обраќање на панелот „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и пошироко“, министерот потенцираше дека Европската унија мора да се справи со постоечките нееднаквости и да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината. Истакна дека е неопходно засилување на постепената интеграција на регионот во различни политики на ЕУ, како и продлабочување на соработката во стратешки области како енергијата, климатските промени, одбраната и безбедноста.
Министерот Муцунски нагласи дека ЕУ политиката кон Западен Балкан е тест за нејзината глобална амбиција. Доколку Унијата има цел да ја зајакне својата геополитичка и геоекономска позиција, таа мора да започне токму од регионот.
„Кредибилитетот на Унијата не се гради само преку зборови, туку со конкретни дела. Европа мора да преземе поголема одговорност за регионот, но истовремено и ние во Западен Балкан мораме да ја разбереме оваа реалност и да го направиме нашиот дел“, истакна тој во своето обраќање
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гасење на шумските пожари во Македонија

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин „Табановце“.
Тие се приклучија на македонските и чешките тимови во борбата против шумските пожари кои беснеат низ земјава.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти утрово ЦУК.
Македонија
Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјава

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти ЦУК.
Под контрола се пожари во општините Македонски Брод, Штип, Карбинци и Македонска Каменица, каде е зафатена претежно мешана или нискостеблеста шума, како и деградирани површини со ниска вегетација.
Пожарникарските екипи и понатаму се ангажирани на терен, а властите апелираат на внимателност и одговорно однесување, особено во подрачја каде постои зголемен ризик од нови пожари.
Македонија
Управител и фирма обвинети за неправилности во производството на медицински канабис

Полицијата поднесе кривична пријава против управителот Д.К.(30) од Скопје и фирмата.
Пријавениот, како одговорно лице, по добивање на решението лани за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротино на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Од МВР велат дека тој не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис.
Притоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.