Македонија
Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека во моментот на трагедијата со Фросина Кулакова било и нејзиното куче Аја.
Кучето било тешко повредено, но преживеало. Било пронајдено под автомобилот на Васил Јованов.
„Ќерко наша, толку добрина имаше во тебе, толку милост, убавино наша… Како и секоја вечер со твоето душиче, со твоето пријателче Аја, за која ти се грижеше одговорно.
Бевте љубов, поврзани, си имавте свој јазик заеднички, како и многу други на кои своите миленичиња им се дел од семејството. Голем љубител на кучиња, на сѐ она што носи душа во себе… за разлика од нејзиниот убиец, кој немаше емпатија кон ништо живо.
Кобната вечер кога нашата мила Фросина со својот неразделен другар, нејзината Аја, поминуваа на пешачки… Радосни, среќни, две души сплотени, кои си беа верни една друга… ве сруши убиецот. Фросина ја покоси наркоман, дилер, пијаница, разгалено монструмче… Ја покоси заедно со нејзината душа миленичка, нејзината Аја“, се вели во објавата.
„Твојата Аја лојална, барајќи те тебе… да ја заштитиш… да ја гушнеш… нашла безбедност во темината… И тоа, Фросинче наша, твојата Аја се скрила под автомобилот што те уби… паркиран пред твојата зграда… откако ве удри заедно… Аја те чекаше, Фросинче, под автомобилот на убиецот затоа што мислеше дека си тука во близина…“, се додава во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.