Македонија
МЖСПП: Засилени активности од општините за почист воздух во последната недела од јануари
Во согласност со обврските од акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025., општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27 до 31 јануари 2025 година.
Во Охрид акцентот е ставен на контрола на исправноста на возилата и намалување на издувните гасови од сообраќајот, а извршен е вонреден инспекциски надзор на две градилишта, при што не се забележани недозволени емисии од загадувачки супстанции, информираа од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Инспекциските служби на Општина Битола во втората половина на јануари извршиле контролни надзори во три инсталации со Б-дозволи и ги задолжиле да преземат мерки за сведување на емисиите во воздухот во законски дозволените граници. Во моментот се чекаат резултати од нови мерења. Исто така, извршени се надзори во 11 автосервиси за постапување со отпад и не е констатирано согорување отпадно масло и со него се постапува во согласност со законот: привремено е безбедно складирано и им се предава на овластени субјекти. При континуираните контроли комуналните инспектори не констатирале горење отпад на отворено.
Во општина Штип извршени се 5 инспекциски надзори кај правни субјекти што поседуваат Б-ИЕД, од кои кај 3 се издадени решенија за постапување, односно тие се задолжени да извршат мерења пропишани во самите дозволи. Исто така, извршени се 14 вонредни инспекциски надзори кај субјекти што поседуваат елаборат за заштита на животната средина, од кои кај 6 правни субјекти што извршуваат дејност – преработка на дрво и дрвни производи, вклучувајќи и изработка на мебел, е издадено решение за постапување за мерења во согласност со елаборатот.
Во општина Тетово инспекциските служби извршиле инспекциски надзор. Инспекциските служби во Охрид спровеле изспекциски надзор кај 5 правни субјекти што поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола и елаборат за заштита на животната срдина и кај нив не се забележани неправилности. Во процесот на производство два субјекта користат електрична енергија, а три огревно дрва (главно пекарници).
Општина Прилеп во текот на наведената седмица спровела 5 инспекциски надзори, од кои 4 се автосервиси, а еден е кај правен субјект што врши ископ на мермер.
Кај автосервисите се извршени мерења на емисии од стациониран извор.
Во скопскта општина Гази Баба спроведени се инспекциски надзори во согласност со одредбите од Законот за урбанота зеленило, при што комуналните инспектори на Општина Гази Баба изрекле 12 казни. Исто така, изречени се 7 казни во согласност со Законот за јавната чистота, а направена е обиколка на сите критични точки, каде што најчесто се случуваат прекршоци во поглед на депонирање и/или спалување отпад и изречена е една казна за несоодветно депонирање отпад.
Во однос на инспекторирање на правните субјекти со Б-интегрирана еколошка дозвола, направена е обиколка на 2 автомеханичарски сервиса на територијата на општина Гази Баба, при што не се констатирани неправилности. Во текот на споменатата седмица при редовната обиколка и контрола на загревањето на малите сервиси не е затекнато согорување отпад. Констатирано е дека сериозен проблем за општина Гази Баба се домаќинствата што се загреваат согорувајќи дрвен отпад (иверки, отпадни штици и слично). Опоменати се 2 физички лица по овој основ и наложено е итно отстранување на отпадот од дворните места и користење огревно дрво за затоплување.
Општина Гази Баба постапила и во однос на мерката 8 од акцискиот план и направила обиколка на градилиштата, при што е извршена проверка на спроведувањето на мерките за намалување на загадувањето (правилно депонирање отпад, работа со посебни маневри што нема да предизвикуваат прав и сл.). Се врши редовна контрола на возилата што излегуваат од градилиштата и на инвеститорите им се препорачува да ги мијат тркалата на возилата пред излез од градилиштата.
Според извештајот, Општина Гази Баба спровела редовни и вонредни инспекциски надзори на правни субјекти што имаат елаборати за заштита на животна средина според уредбата за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на град Скопје и градоначалниците на општините во град Скопје, а посебен акцент при спроведувањето на инспекциските надзори ставиле на правните субјекти што како отпад при вршење на дејноста добиваат отпадно моторно масло, отпадни гуми и друго. Извршени се 10 инспекциски надзори и изречени се 2 казни за горење на отворено. Спроведени биле 10 инспекциски надзори на активни градилишта и стоваришта и наложено е миење на гумите на камионите и други активности за спроведување на Законот за јавната чистота.
Инспекциските служби во општина Струмица извршиле вонредни инспекциски надзори на 5 инсталации и издадени се 4 решенија (задолжување за вршење мерења на емисии од стационирани извори, продолжување на Б-интегрирана еколошка дозвола) и едно решение со опомена за изработка на елаборат со потребни договори за одложување отпад. Извршен е вонреден надзор на 2 градилишта, при што не се утврдени неправилности.
Во меѓувреме, за периодот од 1 до 4.2.2025 г,. во Струмица се извршени уште шест вонредни инспекциски надзори, од кои четири кај правни субјекти со дејност за производство на мебел, еден кај правен субјект за производство на амбалажа од пластични маси за пакување и еден инспекциски надзор кај правен субјект што се занимава со изработка на метални конструкции и кај сите шст констатирани се неправилности, и тоа: кај два правни субјекта ќе биде поведена прекршочна постапка во согласност си Законот за управување со отпадот со издавање прекршочен платен налог со казна во висина од 9.000 евра за правниот субјект и 500 евра за управителот на правниот субјект на надзор, за три правни субјекти ќе се донесе решение за изработка на елаборат за животна средина и преземање соодветни технички мерки за вградување филтер, со кој ќе се намали, спречи и контролира негативното влијание врз квалитетот на амбиенталниот воздух, а за еден правен субјект ќе се донесе решение во согласност со дејноста што ја врши да се изработи елаборат за животна средина. Дополнително, во периодот што следува вонредните надзори што се спроведуваат од страна на инспекторот за животна средина на Општина Струмица ќе се објавуваат на официјалната страница на Општината.
Општина Крушево акцентот го ставила на зајакнати акциски контроли на техничката исправност на возилата што учествуваат во сообраќајот на патиштата со акцент на издувните гасови, особено на оние со дизел-горива, тешките товарни возила и нерегистрираните возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

