Контакт

Забава

Тешко е да ги расположите: хороскопски знаци што постојано се намуртени

Објавено пред

Сите познаваме барем една личност која ретко се насмевнува и секогаш изгледа како нешто да им пречи. Таквите луѓе често оставаат впечаток на сериозност или незадоволство, иако тоа не мора да значи дека се нерасположени. Можеби едноставно се склони кон анализа и интроспекција или можеби се уморни од секојдневните ситници. Нивниот „намуртен“ израз на лицето често крие сложена личност и длабоки мисли. Еве кои хороскопски знаци се родени такви луѓе.

dobivaj vesti na viber

Јарец
Јарците се познати по својата сериозност и фокусирање на целите. Често размислуваат за обврски и одговорности, поради што изгледаат намуртено. Иако не им е непознато уживањето во животот, нивните грижи и амбиции често ги одржуваат сериозно расположени.

Девица
Перфекционистите по природа, Девиците го забележуваат секој проблем. Нивната потреба да ги анализираат и поправаат грешките може да ги направи сериозни, дури и кога не се лошо расположени. Тие се склони кон длабока мисла, што ретко им дозволува целосно да се опуштат.

Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и склони кон интроспекција. Нивната природна сериозност може да ги направи недостапни, а нивната мистериозна личност дополнително го зголемува впечатокот дека секогаш се намуртени. Сепак, нивната лојалност и страст за животот се непобитни.

Бик
Биковите сакаат стабилност и рутина, а секое нарушување на таа хармонија може да ги направи мрзливи. Нивната сериозна природа често доаѓа до израз кога ќе се соочат со непредвидливи ситуации, кои можат да остават впечаток на мрачни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Џејми Оливер го отвори првиот ресторан во Црна Гора

Објавено пред

Од

Џејми Оливер, еден од најпознатите светски готвачи, го отвори својот прв ресторан во Црна Гора – во луксузниот комплекс Бока Плејс во Порто Монтенегро.

dobivaj vesti na viber

Брендот „Џејмис Италијан“ носи препознатлив концепт на автентична италијанска кујна, веќе позната низ целиот свет. Според порталот „Инвеститор“, ресторан под истиот бренд наскоро ќе се отвори во Подгорица – во „Капитал Плаза“.

Светски познатиот британски готвач Џејми Оливер официјално го објави доаѓањето на неговиот познат бренд ресторани „Џејмис Италијан“ во Црна Гора. Новиот ресторан е отворен во Бока Плејс, модерен дел од луксузната марина Порто Монтенегро, која е позиционирана како нов епицентар на кулинарството, шопингот и здравиот живот на црногорскиот брег, пишува порталот.

„Црна Гора, тука сме! Дојдете на чинија со рачно изработени тестенини, морски плодови, свежи салати, автентични пици и неодоливи десерти. Уживајте во вистинска италијанска гозба во срцето на Порто Монтенегро“, рече Оливер на својот официјален профил на Фејсбук, заедно со видео во кое го најавува отворањето на ресторанот.

„Џејмис италјан“ е глобално познат синџир на ресторани кој промовира автентична италијанска кујна со фокус на свежи состојки, рачно изработени тестенини и одржлива гастрономија. Брендот е основан во 2008 година со цел да понуди топло, семејно и прифатливо кулинарско искуство, инспирирано од италијанската традиција.

„Бока плејс“, каде што се наоѓа новиот ресторан, претставува најнова фаза од развојот на Порто Монтенегро – луксузна марина и станбен комплекс во Тиват. Тоа е мултифункционален комплекс кој комбинира домување, малопродажба, гастрономија и велнес објекти. Тој е дел од поширок инвестициски циклус кој сè повеќе го позиционира Тиват како регионална дестинација за животен стил.

За Црна Гора, отворањето на ресторанот „Џејмис италјан“ е уште една потврда за нејзиниот растечки углед на светската мапа на луксузен туризам и кулинарство. Во исто време, тоа е и дополнителен чекор во развојот на гастрономската сцена, со оглед на угледот и влијанието што Џејми Оливер го има во меѓународната угостителска индустрија.

Прикажи повеќе...

Забава

И на 56 години, и нема рамна: Анистон откри кое јадење и помага да ја одржи својата совршена фигура

Објавено пред

Славната актерка Џенифер Анистон стана едно од најомилените лица низ целиот свет уште од првиот ден кога се појави на малите екрани.

dobivaj vesti na viber

Таа е една од ретките актерки која успеала да го одржи својот изглед без да подлегне на новите трендови и да го промени својот личен опис преку пластична хирургија.

Нејзиниот изглед често е главна тема на разговор, а нејзините извајани мускули секогаш оставаат без зборови.

За да изгледа фит и на 56 години, актерката се придржува до специфична диета, но и многу тренира.

Анистон еднаш откри кое јадење го јаде неколку пати неделно, и токму благодарение на тоа ја одржува својата совршена фигура.

За оваа салата, потребни ви се половина чаша киноа, две чаши вода, малку магдонос, краставица, домат, авокадо, маслиново масло и сок од лимон. Измешајте сè заедно и уживајте во совршениот оброк за претстојните летни денови.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Бекам е повторно сингл, со својот изглед привлече внимание во Париз

Објавено пред

Синот на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Ромео, неодамна ја заврши седуммесечната врска со манекенката Ким Тернбул, а како резултат на тоа, во центарот на вниманието се појавија и бројни други гласини.

dobivaj vesti na viber

Веќе некое време, поточно, од прославата на 50-тиот роденден на Дејвид, се шпекулира дека односите во семејството не се баш најдобри, а дека постои и тензија меѓу Бруклин и Ромео. Сепак, Бекамови сè уште чуваат во тајност.

Во тој период, Ромео решил да присуствува на тенискиот турнир во Париз, Ролан Гарос, а неговиот изглед привлече големо внимание.

За оваа пригода, младиот Бекам избра лежерна маица и сако, со што се најде на листата на најдобро облечени познати личности на овогодинешниот турнир.

Исто така, се пишуваше дека Ким била причината зошто односите во семејството биле затегнати, но извор близок до двојката открил дека двајцата останале во пријателски односи по раскинувањето и дека сè е во најдобар ред.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја...

Македонија1 час

„Влен“: Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

„Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, „Влен“ го презема...

Македонија2 часа

Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата. „Преку...

Македонија2 часа

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс“

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за...

Свет2 часа

(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во...

Свет3 часа

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа4 часа

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Свет5 часа

(Видео) Немири во Лос Анџелес, судири меѓу полицијата и демонстрантите, запалени автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес за смирување на немирите по...

Македонија13 часа

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...

Македонија19 часа

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу...

Македонија20 часа

(Видео) Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за...

Македонија21 час

(Видео) Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција,...

Македонија23 часа

(Видео) Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани...

Свет1 ден

(Видео) Силен украински напад врз Москва: гори фабрика, затворени се аеродроми

Украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва доведе до затворање на два клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија...

Свет1 ден

(Фото) Трамп испраќа 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес поради демонстрантите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе испрати 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес по вториот...

Свет1 ден

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе застрелан на изборен настан

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе се бори за својот живот во болница откако беше застрелан во Богота. 39-годишниот сенатор, кој...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, од утре засилен северен ветер, пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија2 дена

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...