Забава
Оставена пред 50 години: приказната за семејната фотографија што лежи на Месечината
Астронаутот Чарлс Дјук, член на мисијата Аполо 16, оставил семејна фотографија на Месечината за време на неговата мисија во 1972 година. На сликата се тој, неговата сопруга Дороти и нивните два сина, Чарлс Дјук III и Томас Дјук.
На задната страна на фотографијата пишува: „Ова е семејството на астронаутот Дјук од планетата Земја. Слета на Месечината во април 1972 година“.
Дјук, кој беше пилот на лунарниот модул, кој беше лансиран во мисијата на 16 април 1972 година. Четири дена подоцна, со само 36 години, тој стана најмладиот човек што чекорел на Месечината.
Дјук ја оставил фотографијата на Месечината како симболичен гест за времето што го поминал далеку од семејството за време на подготовките за мисијата. На овој начин сакал да го вклучи своето семејство во историското патување и да им покаже на своите синови дека на некој начин биле со него на Месечината.
Неговото семејство живеело во Хјустон, додека тој често бил стациониран на Кејп Канаверал и на други локации. Знаејќи колку ќе му недостигаат, решил некако да ги понесе со себе.
Денес, повеќе од 50 години подоцна, нејзината физичка состојба е неизвесна. Екстремните температури на Месечината веројатно ја избледеле фотографијата во текот на децениите. Бидејќи е премногу мала за да биде снимена со лунарни сонди, тешко е да се каже во каква состојба е.
Фотографијата на Чарлс Дјук и неговото семејство стана еден од најпознатите лични предмети оставени на Месечината. Покрај научните инструменти, знамињата и модулите, Месечината крие и неочекувани траги од човечко присуство – од топчиња за голф што ги остави астронаутот Алан Шепард до медалјони во чест на паднатите астронаути на Аполо 1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Балдони објави пораки од Блејк Лајвли, актерката му напишала: „Флертот е мојот јазик на љубовта“
Актерот Џастин Балдони објави пораки што наводно ги разменил со колешката Блејк Лајвли за време на снимањето на филмот It Ends with Us, во кои двајцата разговараат како да направат заводлива сцена и се договараат како ќе ја постигнат. Оваа објава доаѓа откога Лајвли го тужеше за сексуално вознемирување и оштетување на нејзиниот углед.
Една од клучните сцени во филмот ја прикажува првата средба на ликовите што ги толкуваат Лајвли и Балдони на покривот на една зграда. Нивниот разговор, како што тие го дизајнираа, требаше да биде заемно флертувачки и да воспостави динамика што ќе доведе до нивната континуирана врска.
Според објавените пораки, кои датираат од 8 април 2023 година, Лајвли сакала дополнително да го нагласи флертувањето во дијалогот за нејзиниот лик да има поголема автономија. Наводно, пораките гласеа: „Можам да ти ја испратам мојата верзија на сцената на покривот или само ќе ти ја прочитам следната недела, кажи ми што повеќе ти одговара“.
Во една од пораките наводно додава: „Да ме познаваш подолго лично, ќе разбереш како ќе функционира оваа флертувачка и заводлива динамика. Тоа е мојот љубовен јазик – пикантен и храбар, но никогаш злобен“.
Балдони изгледаше како да ги поддржа нејзините предлози, наводно ѝ одговорил: „Затоа те сакав во оваа улога“.
Лајвли поднесе правна жалба против Балдони во декември 2024 година обвинувајќи го за сексуално вознемирување и обид за оштетување на нејзиниот углед преку медиумите. Во јануари 2025 година таа поднесе нова тужба обвинувајќи го за несоодветно однесување на снимањето, вклучително и контроверзен момент за време на снимањето на сцената со бавен танц.
Балдони и неговата продукциска куќа ги отфрлија обвинувањата и објавија снимки од сетот тврдејќи дека „двајцата актери ја изведуваат сцената професионално и со почит“.
Но, адвокатскиот тим на Лајвли го тврди спротивното наведувајќи дека видеото ја потврдува нејзината приказна. Нивната изјава гласи: „Секоја жена што доживеала несоодветно допирање на работното место ќе ја препознае непријатноста на г-ѓа Лајвли. Тие ќе ги препознаат нејзините обиди да користи хумор за да ја смири ситуацијата и да избегне несакано допирање“.
Судењето за случајот на Блејк Лајвли и Џастин Балдони почнува на 9 март 2026 година.
Забава
Поранешниот сопруг на Жизел Бундхен реагира на раѓањето на нејзиното трето дете
Том Брејди, американскиот фудбалер и поранешен сопруг на Жизел Бундхен, проговори за веста дека манекенката го родила своето трето дете.
Како што пренесува „Пејџ сикс“, извор близок до Брејди рекол дека тој е среќен за својата поранешна сопруга и ѝ посакува сѐ најдобро. Според друг извор, Брејди дури и ѝ се јавил на Жизел за да ѝ честита.
View this post on Instagram
За потсетување, ова е прво дете на бразилската манекенка со Хоаким Валенте. Според странските медиуми, мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето сѐ уште не ѝ се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали имаат момче или девојче.
View this post on Instagram
Бундхен и Брејди се разведоа во 2022 година по 13 години брак. Заедно имаат две деца, синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (12).
Забава
Луѓето родени во три хороскопски знаци секогаш мора да бидат во право
Сите барем еднаш сме сретнале луѓе кои едноставно не можат да се предадат на расправија, дури и кога знаат дека грешат. Нивната тврдоглавост и верба дека секогаш ги имаат најдобрите аргументи може да биде извор на фрустрација за оние околу нив. Според астрологијата, таква особина често се поврзува со луѓето родени под овие хороскопски знаци.
Овен
Овните сакаат да доминираат во дискусиите и често веруваат дека нивните аргументи се непобитни. Енергијата на Овенот е огнена, па нема да имаат проблем да влезат во расправија само за да докажат поента – и ќе уживаат во секој момент. Дури и ако подоцна се покаже дека згрешиле, ретко ќе го признаат тоа, нивната самодоверба е таква што ќе продолжат да ги убедуваат сите околу себе дека се во право.
Девица
Девиците едноставно не прават грешки – или барем така мислат. Овие хороскопски перфекционисти секогаш имаат аргументи базирани на факти, статистики и долгорочна анализа на ситуацијата. Ако се расправаме со Девица, треба да бидеме подготвени за исцрпни детали и листа на причини зошто нивното мислење е пологично и поточно од нашето.
Шкорпија
Шкорпиите имаат способност да ги почувствуваат слабостите во вашата расправија и да ги користат против другата личност. Потребата на Шкорпијата секогаш да биде во право не е само желба за победа – тоа е длабоко вкоренет принцип. Тие со ладен смирен и остар јазик ќе ни објаснат зошто грешиме, па дури и да се повлечеме од расправијата, Шкорпијата ќе ја почувствува победата.