Македонија
Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат, кој набргу треба да се роди

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој ѝ го честита роденденот на својата ќерка и ѝ порачува дека еден ден таа и брат ѝ ќе разберат што сака да им каже.
„Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа, најверојатно, го чека и твојот помал брат, кој набргу треба да се роди.
Запомни, тоа ви го направија ‘чичковците’ што ја водат оваа држава. И претходните и актуелните!!!“, пишува Игор Југ.
„Еден ден ти и брат ти ќе разберете што сака тато да ви каже“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се воведува „One Stop“ систем на преминот Табановце – Прешево

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денеска во Белград потпишаа договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.
„На мое огромно задоволство го потпишавме договорот врз основа на кој нашите две држави ќе имаат заедничка контрола на граничниот премин Табановце-Прешево со што ќе овозможиме побрз трансфер и проток како на стоки и услуги, така и на луѓе на нашата граница. Со имплементација на системот очекуваме за двојно да се забрза трансферот на луѓе, а по потпишување и ратификација на договорот ќе можеме да започнеме со тест фазата од аспект на техничко решение и се надеваме дека пред почетокот на летната сезона ќе можеме и официјално да го ставиме во функција и да го забрзаме протокот на луѓе.“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека продолжува и понатаму одличната соработка со српската полиција во борба против сите видови криминал и во текот на оваа летна сезона ќе продолжи проектот за размена на полициски службеници на Србија во Охрид и македонски полициски службеници на настани коишто ќе се одржуваат во Србија.
Дачиќ потенцираше дека целта на овој договор е можност уште повеќе да им се помогне на граѓаните полесно да ги преминуваат граничните премини и со тоа да се олесни протокот на луѓе и материјални добра.
„Денес го потпишавме договорот меѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце каде воспоставуваме нов процес на работа кој има за цел поедноставување на комплетната процедура на граничните проверки така што полициските службеници на земјата домаќин ќе бидат овластени покрај влезната гранична контрола на својата земја ќе ја извршат и излезната гранична контрола на соседната земја. Така го воспоставуваме „One Stop“ системот со едно место на контрола.“, нагласи министерот Дачиќ.
„One Stop“ системот неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји-соседи кои не се дел од Европската Унија.
Македонија
Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје оствари работна средба со челните луѓе на Единицата за интервентна полиција, ОСПО односно САЕ Тигар и ЕБР како и со раководството на Секторот за внатрешни работи Штип и на СВР Скопје.
„На средбата директорот Јанев беше информиран за сите детали околу вчерашните и синоќешни заеднички активности на овие организациони единици при БЈБ околу расчистувањето на кривично-правниот настан што вчера се случи во Штип, во кој што едно лице беше убиено, а сторителот на кривичното дело како и останатите инволвирани во настанот набргу беа лоцирани и приведени од страна на полициските службеници од ЕИП, СВР Штип и СВР Скопје“, се наведува во соопштението.
Притоа, директорот Јанев изразувајќи благодарност на полициските службеници истакна дека целокупната акција е извонреден практичен пример на крајно професионално, координирано и ефикасно заедничко постапување на полициските служби.
Инаку, директорот Јанев искористувајќи ја посетата на касарната „Ѓорче Петров“ положи цвеќе и оддаде должна почит пред споменикот на загинатите припадници на Единицата за брзо распоредување при БЈБ на МВР.
Воедно директорот Јанев одбележувајќи го датумот од трагичните настани во кумановско „Диво Насеље“ денеска на споменикот на трагично загинатите припадници на МВР во кругот на СВР Куманово положи цвеќе.
Македонија
Панихида во спомен на паднатите бранители од воениот конфликт во 2015 година

Во Соборниот храм “Свети Никола” денеска се служеше панихида, во знак на вечен спомен кон припадниците на македонските специјални сили, кои ги загубија своите животи во воената престрелка, во кумановското “Диво насеље”.
Во акцијата пред една деценија, на 9 и 10 мај 2015 година, загинаа осум припадници на безбедносните сили, кои постхумно беа одликувани со орден за храброст.
На црковниот обред присуствуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на преставници од СВР – Куманово и повеќе граѓански здруженија.
Во чест на загинатите херои пред нивното спомен обележје, делегација од општина Куманово предводена од секретарот на Општината Емилија Сларидис – Јаневска положи свежо цвеќе, поклонувајќи се пред нивната храброст, посветеност и пример за зачувување на безбедноста на граѓаните.