Забава
(Видео) Анџелина Џоли: Мајка ми го гледаше татко ми како добива „Оскар“ со љубовницата

Анџелина Џоли проговори за освоениот „Оскар“ и причината поради која наградата ѝ ја подарила на мајка си. Џоли е ќерка на актерската двојка Маршелин Бертранд и Џон Војт, кои се венчаа 1971 година, но се разделија пет години подоцна кога беше откриено неверството на Војт. Тие официјално се разведоа во 1980 година.
Џоли порасна со мајка си, а освојувањето „Оскар“ за најдобра споредна женска улога беше особено емотивно и за неа и за мајка ѝ. Таа ја освои престижната награда за улогата на Лиза Роу во психолошкиот трилер Youth Interrupted од 1999 година. На меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, Џоли беше прашана за искуството да биде номинирана и да освои „Оскар“.
Актерката на почетокот размислувала колку детали сака да сподели со публиката, но потоа проговорила за разводот на родителите.
„Кога бев мала, моите родители се разведоа. Мама остана дома со две мали деца. Нејзиниот сон беше да стане актерка. Верувам дека сонот ѝ бил цело време ист поради што често ме носела во театарот во Чикаго“, рече Џоли.
„Мајка ми ми кажа дека кога имала дваесет години, а мене ме родила многу млада, останала сама со децата во станот, а татко ми, веќе познат во тоа време, добивал ‘Оскар’ со друга жена“, додала познатата актерка.
Војт наводно имал афера со актерката Стејси Пикрен, со која глумел во три филма – Coming Home, Lookin’ to Get Out и Runaway Train. Токму за улогата во филмот Coming Home во 1978 година тој доби „Оскар“ за најдобар актер.
Џоли ги опиша измамата и победата на татко ѝ само како дел од семејната историја, но нагласи колку за неа значело тоа што мајка ѝ е тука за неа и брат ѝ и дека изборот на мајка ѝ останал длабоко врежан во нејзината меморија.
„Секогаш размислував за тоа што чувствувала таа вечер. Така, еден од најважните моменти во мојот живот беше кога се симнав од сцената и се јавив и ѝ реков: Ова е твое. И јас ѝ ја подарив статуетката“, заклучила Џоли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Милион и пол монистри во фустан и полн погодок за Мет Гала, а таа како да не старее

Деми Мур на Мет Гала носеше фустан во облик на вратоврска, и никогаш не ја симна насмевката од лицето, дефинитивно уште еднаш покажувајќи дека вакви настани навистина ѝ одговараат.
Познатата актерка која изгледа како времето да застанало и редовно добива комплименти за својот младешки изглед, се појави во, дефинитивно, една од најинтересните креации.
Таа носеше фустан во форма на вратоврска, кој специјално за неа го дизајнираше американскиот дизајнер Том Брауни за оваа пригода. Бидејќи темата беше „Superfine: Tailoring Black Style“, фустанот беше инспириран од машката мода – а вратоврската како симбол на машката мода ја красеше оваа величествена креација.
Интересен факт е дека станува збор за фустан со рачно извезени 1.400.000 монистри, а овој неочекуван, но фасцинантен стил го надополнила со накит од брендот Shiphra.
И дефинитивно одговори на строгиот дрескод за оваа година.
Забава
Три хороскопски знаци кои кршат срца иако тоа не им е намерата

Некои луѓе едноставно не сфаќаат колку се влијателни во љубовта – нивното однесување може длабоко да ги допре другите, иако никогаш не им била намера да повредат. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци имаат квалитети кои честопати оставаат силен впечаток, дури и кога се само минлив дел од нечиј живот.
Овие знаци не играат игри, но нивната спонтаност, несвесна дистанца или неодлучност понекогаш ги оставаат другите со чувство на тага и неисполнетост.
Водолија
Луѓето родени под знакот на Водолија често се независни и во свој свет, што може да ги отежни допирањето на емоционално ниво. Тие привлекуваат внимание со својата оригиналност и отвореност, но во исто време можат да изгледаат ладни или повлечени кога некој ќе се врзе емоционално.
Тие немаат намера да повредат – тие едноставно ја ценат својата слобода повеќе од сè. Кога ќе почувствуваат дека некому премногу му требаат, може неочекувано да се повлечат, оставајќи ја другата личност збунета и повредена.
Близнаци
Близнаците се шармантни, духовити и многу комуникативни – лесно се поврзуваат со другите и често ги освојуваат срцата без многу напор. Но, исто колку што брзо влегуваат во врски, толку брзо понекогаш и ги напуштаат.
Нивната потреба за постојана промена и возбуда може да остави впечаток дека се лекомислени или непостојани. Иако не се злобни, нивната непредвидливост често води до недоразбирања и емоционални разочарувања.
Стрелец
Стрелецот ја сака слободата, патувањето и отвореноста – сè што другите би можеле да го најдат заводливо и возбудливо. Во врските, тие се искрени, но не сакаат ограничувања, што ги прави непредвидливи.
Тие можат да покажат длабока поврзаност, а потоа брзо да продолжат понатаму без многу емоционално испитување. Нивната искреност може да биде болна, бидејќи не ја разубавуваат и ретко го кријат фактот дека повеќе не се заинтересирани.
Забава
(Фото) За модната катастрофа на Шакира ќе се зборува долго време

Познатата пејачка Шакира знае како да импресионира со својот изглед и кореографија, но потоа ги разочарува сите со своите модни избори.
Мет Гала не беше исклучок, па дури ни нејзините обожаватели не се задоволни од облеката што ја избра пејачката.
Таа избра фустан од Прабал Гурунг, со прорезови кои ги истакнуваа нејзините облини и создаваа совршена фигура во облик на песочен часовник, а додаде и розова наметка која се претвораше во бесконечен дел што се влече.
За да биде уште полошо, Шакира на својата розова облека додала црни мрежести ракавици со розови панделки, а само неколку минути биле потребни нејзините фотографии да „експлодираат“ на социјалните мрежи и да станат предмет на бројни коментари.
„Ова е циркус“, „Тотален неуспех“, „Потребен ѝ е стилист што е можно поскоро“, „Оваа жена навистина не знае како да се облекува“, беа некои од коментарите.