Македонија
Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Австралија – средба на министерот Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис-совет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/mucunski.jpeg)
Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Австралија. Во таа насока, тој вчера оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Владата на Република Северна Македонија се силно посветени на привлекувањето нови странски инвестиции. Стабилната бизнис-клима и силната поддршка за странските и домашните компании ја прават нашата држава атрактивна дестинација за инвестирање, не само во регионот, туку и во Европа“, истакна министерот Муцунски.
Притоа, тој нагласи дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите во понатамошниот развој на билатералната соработка меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Javen-obvinitel-Ljupco-Kocevski.jpeg)
Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.
Образложи дека одлуката се должи на последниот Индекс на транспарентност кој беше објавен денес и каде детално може да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обвинителството и судството.
Дополнително, како што беше посочено, последното именување за вршител на должност Шеф на Вишото Јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишана во Законот за јавното обвинителство.
Македонија
Младите започнуваат движење за интернет без омраза
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/444.jpg)
На Меѓународниот ден за побезбеден интернет, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и без говор на омраза и движење предводено од деца за похуман онлајн свет.
„Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство и се во линија со нивните секојдневни борби на интернет. Нашата цел е да им понудиме на девојчињата и момчињата социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, а воедно да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје“ рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер. „Сакаме да создадеме движење во кое децата ќе се спротивстават на врсничкото насилство онлајн и ќе промовираат човечност и љубезност во дигиталниот свет”.
„За нас е многу важно секој да има пристап до можностите на дигиталниот свет, а омразата на интернет ги загрозува сигурноста, почитта и инклузивноста на овој простор. Овој негативен феномен особено влијае на младите луѓе, коишто се најмногу засегнати. Во оваа значајна фаза од нивниот личен раст и развој, наша одговорност е да ги научиме како да ѝ се спротивстават на омразата и да станат двигатели на позитивна промена,” рече Никола Љушев, претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.
Оваа двегодишна иницијатива е продолжение на долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија преку кое во текот на сите овие години им се обезбедува помош на децата и на младите при нивното справување со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација. Досегашната соработка опфаќа: поддршка за еднакви можности за предучилишно образование на децата од руралните области, изработка на дигитални решенија за намалување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост, како и дигитални решенија за справување со климатските промени.
Целта на новото партнерство е да се создаде движење преку кое младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции предводени од млади како застапници коишто ќе ги инспирираат и другите да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја.
УНИЦЕФ заедно со Фондацијата Телеком за Македонија ќе објават отворен повик до децата и до адолесцентите да се вклучат во врсничката програма и во активностите за социјална мобилизација коишто ќе се спроведуваат во партнерство помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и УНИЦЕФ.
Македонија
Николоски: Ќе ја реконструираме и ќе изградиме ново крило на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/112.jpg)
Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека на денешната седница на Владата се донела одлука за реконструкција и изгрaдба на ново крило на болницата ,,Св. Еразмо ” –Охрид.
“На денешната седница на Влада се донесе одлука за РЕКОНСТРУКЦИЈА и изградба НОВО КРИЛО на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид.
Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.
Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.
Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти! – напиша вицепремиерот Николоски.