Забава
Тренингот на Иванка Трамп: првата ќерка се занимава со спорт што жените го избегнуваат, но најдобро го затегнува телото

Најстарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, во неделата на интернет сподели фотографија од сала за вежбање покажувајќи ги својот затегнат стомак и посветеноста на здрав начин на живеење.
„Држете се до новогодишните одлуки, не е лесно – само 23 % од луѓето успеваат да ги задржат во текот на првата недела“ (ги скршив многупати!)“, признала таа во описот на објавата.
„Но, секој ден е нова можност да се посветиме на целите и да останеме доследни. Се чувствувам посилно и помотивирано како што почнува февруари – да продолжиме! Силно тело, силен ум!“
Sticking to New Year’s resolutions isn’t easy—only 23% of people make it past the first week. [I’ve fallen into that category many, many times!]
But every day is a new opportunity to show up and stay committed.
Feeling stronger and more motivated as February begins—let’s keep… pic.twitter.com/QNRT1yzeb1
— Ivanka Trump (@IvankaTrump) February 2, 2025
Таа на сликата изгледаше природно, без шминка, со врзана коса во опавче, а позираше насмеана за време на паузата помеѓу кревањето тегови од 30 килограми.
Нејзините следбеници не го криеја задоволството што таа остана доследна на својот режим на вежбање по јануари. „Одличен начин да ја почнете годината! Продолжи!“, ѝ напиша еден обожавател, а друг додаде: „Дисциплината и постојаноста секогаш се исплатат!“
Во средината на јануари Иванка се појави на поткастот Skinny Confidential и зборуваше за својот режим на вежбање. Покрај сурфањето, таа откри дека се занимава и со џиу-џицу, спорт кој во семејството го вовела нејзината 13-годишна ќерка Арабела.
„Тоа е одлично за сите. „Движењата се толку прецизни што изгледаат како подвижна медитација – како тридимензионален шах“, објасни гордата мајка на три деца.
Бидејќи никогаш не сакала класични сали за вежбање, Иванка откри дека повеќе ја привлекуваат спортот и функционалните тренинзи. Нејзиниот тренер Сенди Брокман во октомври 2024 година за „Дејли мејл“ ги откри петте основни вежби клучни за програмата на Иванка.
View this post on Instagram
Посебен предизвик и инспирација Иванка најде во џиу-џицу, кое почна да го тренира благодарение на ќерка си Арабела. Оваа борачка вештина, која таа ја опишува како движечка медитација и тридимензионален шах, стана суштински дел од нејзината рутина помагајќи ѝ да развие сила, флексибилност и ментална острина.
Покрај тоа, Иванка се посвети и на тренинзите на сила, кои сега се столбот на нејзиниот фитнес-режим. Наместо на кардио и пилатес, таа се фокусира на основни и ефективни движења.
Овие вежби, според нејзиниот тренер Сенди Брокман, ѝ овозможуваат да ги зајакне мускулите и да ја одржи функционалната сила на телото.
Покрај борачките вештини и тренинзите на сила, Иванка ужива во спортови како сурфање и спортови со рекет, кои ѝ помагаат да остане активна на забавен и динамичен начин.
View this post on Instagram
Иванка внимателно ги избира своите оброци и се потпира на диета богата со протеини за да ги поддржи растот и издржливоста на мускулите.
Дополнително, Иванка го почнува денот со утрински прошетки и пливање во океанот, што ѝ помага да остане енергизирана и во склад со телото и умот.
Она што ја издвојува Иванка не е само нејзиниот фитнес-режим, туку и нејзината посветеност на континуитетот. Нејзината филозофија се заснова на идејата дека секој ден дава нова можност да се биде подобар, а клучот за успехот се дисциплината и доследноста.
View this post on Instagram
Без разлика дали крева тегови, вежба џиу-џицу или го гледа изгрејсонцето додека сурфа, Иванка Трамп покажува како балансираниот пристап кон тренинзите и исхраната може да доведе до долгорочни резултати и здрав начин на живеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака

Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Каролина (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека.
Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна!
Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува „Дејли стар“.
Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 година, кога нацистите ги претвориле Каналските острови во воени тврдини. Сепак, не очекувал да најде бункер токму под својот дневен престој.
„Знаев за бункерите по островот, но никогаш не би помислил дека еден се наоѓа под мојата дневна соба“, изјавил тој за локалните медиуми.
Претходната сопственичка, гледајќи фотографии од куќата на Фејсбук, го прашала парот дали ги пронашле просториите под темелите, откривајќи дека како деца се играле таму пред нивниот татко да ги затрупа со земја.
Парот ангажирал багер и отстранил десетици тони земја, по што откриле бетонски влез во бункерот.
Кога слегле внатре, останале без здив. Внатре имало две простории со димензии 5×3 и 5×6 метри, поврзани со коридор долг девет метри. Бункерот се наоѓал на осум метри длабочина.
Внатре пронашле стари шишиња, излез во случај на опасност, но и застрашувачки пораки испишани од нацистите за време на Втората светска војна. Особено внимание им привлекла пораката: „Внимание, непријателот слуша“ (Achtung, Feind hört mit).
„Ова не се само неколку простории, ова е историја. Студено, влажно и застрашувачко сведоштво за она што луѓето го поминувале тогаш“, рекол Шон.
Парот планира да го претвори бункерот во просторија за забави — со билјард сала и мини-теретана, при што ќе вградат 80 тони бетон за да ги обезбедат ѕидовите и скалите. Пораките на германски јазик планираат да ги зачуваат и реставрираат со калиграфија.
„Каролина сака да ја завршиме куќата, но јас ветив забавa за Ноќта на вештерките во бункерот“, се пошегувал Шон. „Морам да го исполнам тоа ветување“.
Забава
Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс

Британскиот крал Џорџ IV лично профитирал од работата на робови на плантажите во Гренада, покажува најновото истражување, што дополнително ја зголемува јавната критика кон монархијата да се соочи со својата улога во времето на ропството.
Дезири Баптист, независен истражувач, пронашла документ од 1823-24 година во Националниот архив во Лондон, кој сведочи за уплата од 1.000 фунти (што денес изнесува околу 103.000 фунти или околу 120.000 евра) од две кралски плантажи во Гренада каде што работеле стотици поробени луѓе.
Парите биле наменети за приватната каса на кралот Џорџ IV и, според Баптист, придонеле за неговиот „раскошен начин на живот“.
Баптист истакнува дека досега никој британски монарх јавно не признал дека Круната поседувала и профитирала од поробени луѓе.
Нејзиното истражување е дел од поширока студија наречена „Робови, сопственост на Неговото Величество: Џорџ IV и Гренада“.
Професорот Едмон Смит од Универзитетот во Манчестер, кој ја води студијата за улогата на кралската фамилија во ропството, изјави дека оваа уплата може да биде „само врвот на ледениот брег“.
Тој заедно со Ник Дрејпер од Универзитетскиот колеџ во Лондон ги потврдиле наодите на Баптист.
Смит додаде дека доказите укажуваат на поширок образец на колонијална експлоатација во потрага по приходи од карипските колонии.
Бакингемската палата не дала коментар на извештајот.
Крал Чарлс претходно изразил жалење поради ропството во говор пред лидерите на Комонвелтот во 2022 година и ја поддржал академската студија за историската улога на монархијата, но засега не ја признал директната вмешаност на Круната во робовласништвото, пренесе Ројтерс.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек со нови проблеми по разводот

Џенифер Лопез и Бен Афлек го завршија својот брак минатиот август по две години, но споровите околу имотот сè уште траат.
Поранешната двојка го повлече својот дом во Лос Анџелес вреден 68 милиони долари од продажба откако го финализира разводот.
Џенифер Лопез и Бен Афлек го направија овој потег по неуспехот да ја продадат куќата во Беверли Хилс што ја огласија уште во јуни 2024 година, објавува „Пејџ сикс“.
„Додека се надеваа дека ќе можат да го продадат имотот, во исто време не сакаа да претрпат голема финансиска загуба. Ја намалија цената за да привлечат поголем интерес, а кога тоа не се случи, им беше советувано да го повлечат од пазарот“, рече изворот.
„Тоа беше деловна одлука што ја донесоа заедно“, додаде тој.
Извор од недвижнини изјави за медиумите дека „пазарот во моментов е лош за продавачите, особено за недвижности во тој ценовен опсег“.
„Повлекувањето на понудата сè додека пазарот не стане поповолен за продавачите изгледа како најпаметен потег“, рече истиот извор.
Претставниците на двојката не беа достапни за коментар.
Поп-ѕвездата и актерот ја намалија цената на вилата со 12 спални соби и 24 бањи на 59 милиони долари, пред официјално да ја повлечат од продажба.