Свет
Захарова за безбедносната конференција во Минхен: Тоа е змија што си ја голта сопствената опашка
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ја критикува Минхенската безбедносна конференција. Таа рече дека конференцијата се обложува на режимот во Киев, а не на безбедносната политика, пренесува ТАСС.
„Конференцијата во Минхен е фантастична приказна за змија што не само што си ја одгриза опашката туку и почна да се проголтува себеси“, рече таа.
„Минхенската конференција порано беше место за сериозна дискусија за прашања од меѓународната политика и можност за искрен дијалог. Тоа не беше место за малтретирање, туку можност да се разговара за горливите прашања, проблемите на европскиот континент и неговата безбедност и да се презентираат фактите искрено и отворено наместо да се читаат прирачници што делегациите на западните земји ги добија од центарот во Брисел“, посочи Захарова.
Таа е убедена дека денес другите платформи играат водечка улога во меѓународните дискусии, а како пример ги наведе форумот „Валдаи“ во Руската Федерација и конференциите одржани во Белорусија, Индија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и во Турција.
„Нема свирежи во салата кога се кажуваат важни работи што не се совпаѓаат со идејата на група држави. Нема платени другари што седат на тие платформи кои почнуваат да трескаат врати, да викаат или да настапуваат ако на говорницата излезат оние што се поблиску до вистинските настани. Таму се чува и негува културата на дијалог и почит“, рече Захарова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

