Забава
Португалски град им забранува на туристите да се шетаат во костими за капење, казни до 1500 евра

На туристите во популарниот португалски град Албуфеира наскоро би можело да им биде забрането да се шетаат во костим за капење, а доколку не го сторат тоа ќе се соочат со високи казни.
Крајбрежен град во јужниот регион Алгарве, омилена дестинација за британските туристи, го промени својот кодекс на однесување, забранувајќи им на луѓето делумна или целосна голотија на јавни места. Според новите планови, секој што носи костим за капење или оди без маица од плажата може да биде казнет до 1.500 евра.
Албуфеира се приклучува на релативно долгата листа на европски градови со слични закони, вклучувајќи ги Барселона, Дубровник и Ница, пишува Би-Би-Си.
Минатата година осум Британци беа снимени како танцуваат целосно голи во бар среде бел ден на Руа да Уара, главната улица за забава во Албуфеира. Видеата станаа вирални, а португалската полиција успеа да ги идентификува туристите.
Инцидентот доведе до итен состанок на надлежните органи, а градоначалникот Хозе Карлос Роло вети дека ќе се справи со непослушното однесување на туристите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Јелена Розга за деловниот и емотивниот живот: Минатата година ми беше бајка

Јелена Розга за хрватските медиуми проговори за кариерата и приватниот живот.
Пејачката во интервју за „Вечерњи.хр“ се осврна на изминатата година истакнувајќи ја како успешна.
„И во однос на кариерата и во емотивната смисла изминатата година беше бајка за мене. Една од најубавите и секако најуспешна во мојот живот, а тешко ми е да издвојам само една бидејќи сè се преплетуваше и се поклопуваше прекрасно“, вели таа.
Розга потоа откри колку е тешко да се балансираат приватните и работните обврски.
„Не ми е тешко, ова не е работа во која приватното и деловното се строго разделени, мојата работа е мојот живот, приватен и професионален. Сето тоа се испреплетува и се надополнува и никогаш не сум целосно исклучена, секогаш нешто планирам и смислувам. Се разбира, ми требаат моменти на мир, да ги наполнам батериите, а сакам и да патувам, па секој момент кога сум ослободена од обврски и настапи, патувам, најчесто јануари кога сè некако се смирува“, додаде таа.
Забава
Блејк Лајвли тврди дека нејзините деца се толку трауматизирани од драмата со Балдони што не ја напуштаат куќата

Блејк Лајвли тврди дека нејзината правна драма со Џастин Балдони ѝ го уништува семејство.
Веќе е познато дека нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс силно е вклучен во тужбата, но сега се тврди дека тензијата што ја доживува Блејк Лајвли ги погодила и нејзините деца.
Во врска со ова, актерката во вторникот ја измени тужбата што ја поднесе пред федералниот суд во Њујорк наведувајќи дека тие се трауматизирани од правната битка.
Лајвли тврдела дека нејзините деца биле емоционално потиснати на начини што значително влијаеле на нивната благосостојба, а таа се борела да ја контролира нивната болка. Таа се пожалила и дека доживува симптоми на стрес, како анксиозност, а познато е дека Рајан Рејнолдс претходно се пожалил дека и тој бил погоден психички и физички.
Се тврдеше дека и Блејк Лајвли била во лоша психичка состојба. Во тужбата беше објаснето дека драмата што предизвика медиумско внимание била толку интензивна што таа се мачела и не можела да стане од кревет неколку дена.
Според странските медиуми, Лајвли во последно време не е видена надвор од својот дом во Њујорк и пропуштила неколку модни настани, како што е ревијата на Мајкл Корс, на која вообичаено присуствува. Сепак, таа неодамна присуствуваше на забава на SNL заедно со Рејнолдс, каде што се шегуваа за правната драма со Балдони.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез критикувана за концертот во Дубаи: доби пет милиони долари за настап

Џенифер Лопез го запали Дубаи со својот настап на отворањето на хотелот One&Only One Za’abeel, а иако за него заработи дури пет милиони долари, настанот не помина без контроверзии.
Имено, Џенифер за својот настап избра неколку облеки, а заедно со комбинацијата ролка со светки и бели панталони, најмногу внимание привлекоа двата тесни комбинезона со светки.
Jennifer Lopez performing ‘I’m Into You’ at the Burj Azizi launch event in Dubai. pic.twitter.com/fH0axMrMaf
— Jennifer Lopez Updates (@JLopezUpdate) February 18, 2025
Таа изведе песни како Dinero, Jenny From The Block, Ain’t It Funny, I Will Survive, Let’s Get Loud, а ентузијазам предизвика песната Louboutins, која вообичаено не ја изведува на концерти.
Снимката од нејзиниот жесток настап ги разбранува социјалните мрежи, но целиот настап не помина без контроверзии.
Jennifer Lopez – Louboutins live performance in Dubai 🚨✨ pic.twitter.com/EvJI2dDfkS
— JloverSpain 🇪🇸 (@jloverspain) February 18, 2025
Според британскиот весник „Сан“, американската ѕвезда добила дури 5 милиони долари за да биде почесен гостин на отворањето на хотелот со пет ѕвезди откога претходно тврдеше дека нема да настапи.
ЛГТБИК+ заедницата во САД имаше проблем со нејзиниот настап на ова случување сметајќи ја Џенифер за геј-икона и ја критикуваа за законите во Обединетите Арапски Емирати, кои ги забрануваат истополовите врски.
SHAKE THAT BOOTY!!!
Jennifer lopez in Dubai, yesterday 🔥 pic.twitter.com/kRe0u5QwtJ— Mario (@jlo_uniquelove) February 19, 2025
Имаше доста остри реакции, а актерката беше наречена лицемерна затоа што решила да настапи во таква земја.
На гламурозната вечер присуствуваа и актерите Ванеса Хаџенс и Идрис Елба.