Контакт

Свет

Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се случи многу наскоро“.

dobivaj vesti na viber

„Може да биде многу наскоро. Ќе биде наскоро“, им рече Трамп на новинарите.

Тој рече дека Путин сака да стави крај на војната меѓу Русија и Украина. „Мислам дека сака да престане да се бори. Го гледам тоа. Разговаравме долго време“, рече Трамп.

Тој додаде дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да стави крај на војната. „Одиме напред. Се обидуваме да постигнеме мир со Русија и Украина и работиме многу напорно на тоа. Ова е војна што никогаш не требаше да започне“, нагласи тој.

Трамп имаше одделни телефонски разговори со Путин и Зеленски на 12 февруари во обид да стави крај на конфликтот во Украина.

Свет

Шмихал: Русија постојано ја напаѓа гасната инфраструктура за да нè остави без гас

Објавено пред

Премиерот на Украина, Денис Шмихал, денеска изјави дека Русија постојано ја напаѓа гасната инфраструктура на Украина за да ја остави без сопствен гас бидејќи таа речиси секој ден лансира ракети врз производните капацитети.

dobivaj vesti na viber

Шмихал истакна дека нападите, иако сериозни, се под контрола на украинските власти, благодарение на напорите на енергетската служба, пренесе „Укринформ“.

„Непријателот не престанува да се обидува да ја уништи нашата гасна инфраструктура. Ги гаѓаат рударските капацитети со ракети. Нападите се случуваат речиси секој ден, но и покрај тоа, енергетската ситуација е под контрола“, рече Шмихал на владиниот состанок, пренесува „Танјуг“.

Тој особено ги истакна нападите на југот на Украина, вклучително и градовите Миколаев, Херсон и Одеса, кои останаа без струја и греење поради руските напади.

Шмихал додаде дека сите релевантни сектори и енергетски експерти постојано работат на поправка на оштетената опрема, а нападот врз гасната инфраструктура го извршила Русија синоќа.

Прикажи повеќе...

Свет

Евростат: Италија има најстаро население во Европа

Објавено пред

Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во таа земја е 48,7 години, објави денеска Евростат.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека тоа е четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година.

Се нагласува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за 2,2 години повеќе од 2014 година, пренесе АНСА.

Евростат наведува дека Ирска има најмлада популација во Европа, каде што просечната возраст е 39,4 години. Се наведува дека стареење на населението е забележано во сите земји на ЕУ, со исклучок на Малта, каде што просечната возраст на населението е намалена за 0,7 години, и Германија, каде што е намалена за 0,1 година, пренесува „Танјуг“.

Стареењето на населението е поизразено во Грција, Италија, Португалија и во Словачка со просечен пораст од четири години, а просечната возраст на Кипар, во Шпанија и во Полска е зголемена за 3,8 години, соопшти Евростат.

Прикажи повеќе...

Свет

Украина предлага забрана за песни на руски јазик

Објавено пред

Петицијата со која се бара забрана на песните на руски јазик на стриминг-платформите во Украина собра 25.000 потписи и ќе биде разгледана од владата на земјата.

dobivaj vesti na viber

Петицијата беше објавена на 17 февруари, а нејзиниот автор тврди дека песните на руски може да носат пораки што му наштетуваат на украинскиот идентитет, пренесе „РИА новости“.

Предлог-законот бара блокирање на песните на руски јазик на платформи, како што се „Епл мјузиј“и „Спотифај“.

Како алтернатива се нудат песни на други јазици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување

Покрај камерите на улиците во рамките на „Безбеден град“, кои ќе ги ловат прекршоците во сообраќајот, полицајци со возило опремено...

Свет2 часа

„Ројтерс“: Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци на разговори за Украина

Претставници на САД и Русија се состанале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, од...

Македонија4 часа

Левицата на средба со рускиот амбасадор: „Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси“

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, вчера, остварија средба со...

Македонија4 часа

Мицкоски од Вашингтон: Прво, завршени преговори, па уставни измени, претрпевме многу понижувања

Ние како нација направивме сè што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори поради нашата европска перспектива и...

Свет5 часа

Шефот на диломатијата на Трамп: Нема средба меѓу Путин и Трамп без напредок за крај на војната

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали...

Македонија5 часа

Меџити најавува масовни вработувања во администрацијата: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

Првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, ветува дека Албанците ќе се вработуваат во државната и јавната администрација....

Свет6 часа

Tрамп му понуди на Зеленски нов договор за минералите

Администрацијата на Трамп и понуди на Украина подобрена верзија од нацрт-договорот за минералите, откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот...

Свет6 часа

Шефот на републиканците во Конгресот: Немаме апетит за финансирање на Украина

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, синоќа изјави дека „САД немаат апетит“ за нов закон за финансирање на...

Свет6 часа

Израел: Телото што ни го врати Хамас не е на мајката на двете момчиња

Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложничкта Шири Бибас, како што...

Свет7 часа

Кина го поддржа Трамп во преговорите со Русија за постигнување мир во Украина

Синоќа, на состанокот на Г-20 во Јужна Африка, Кина ги поддржа напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне договор...

Свет7 часа

(Видео) Три празни автобуси експлодираа во Израел: „Ова требаше да биде стратешки терористички напад“

Израелската полиција истражува повеќе експлозии во кои учествувале три автобуси во Бат Јам, град јужно од Тел Авив, во, како...

Македонија21 час

За 10.000 се намалил бројот на баратели на земјоделски субвенции од 2018 досега: враќање на земјоделските задруги за поефикасно субвенционирање

Со нов начин на субвенционирање Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе ја укинува праксата парите од субвенциите да се...

Македонија22 часа

Жерновски отповикан од функцијата амбасадор во Романија: дознал од „Службен весник“

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што напиша на социјалните мрежи, дознал...

Економија23 часа

Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252...

Македонија1 ден

„Вреди“: М-НАВ е најјасниот пример за тоа како ДУИ ги „заштитила“ Албанците

ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат...

Македонија1 ден

ЗОО Скопје за последните случувања: Зоонегувателите професионално си ја вршат работата, да престанат дезинформациите и невистините

Зоолошката градина – Скопје моментно е дом на 646 животни од 91 вид за кои се грижат зоонегуватели што професионално...

Македонија1 ден

Нема преговори за химната и за државниот грб, нема табу-теми, тврди Меџити

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени...

Македонија1 ден

Запленети евра, лекови, анаболични стероиди, инвертери за соларни системи, лакови за нокти: кривични пријави против 5 лица

Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари разни лекови и анаболични стероиди...

Свет1 ден

Трамп: Третата светска војна не е толку далеку

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека третата светска војна не е толку далеку, но е убеден дека неговото претседателствување ќе...

Свет1 ден

(Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, на брат му и на мајка му

Хамас му предаде на Црвениот крст четири ковчези со тела на заложници, јавуваат светските медиуми. Меѓу нив се и телата...