Свет
Рубио на пат за Саудиска Арабија

Додека европските лидери се состануваат во Париз, американскиот државен секретар Марко Рубио е на пат за Саудиска Арабија, каде ќе се сретне со руски претставници со цел да се стави крај на војната во Украина.
На Рубио му се придружуваат американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф.
Се уште не се знае со кого точно ќе се сретне Рубио, но тој во саботата телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Киев не е поканет на разговорите во Саудиска Арабија, потврди за Би-би-си овој викенд извор од украинската влада. Но, американскиот претседател Доналд Трамп во неделата рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „ќе биде вклучен во процесот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возач во БиХ наполнил гориво и побегнал без да плати

На бензинска пумпа во БИХ, непознато лице наполнило гориво и си заминало без да плати.
Покрената е истрага за кражба на гориво, веднаш реагирала полицијата, пишуваат тамошните медиуми.
Инцидентот го пријавил во полиција, вработен на бензинската пумпа.
По пријавата патролата веднаш излегла на терен и започнала истрага.
Свет
Лавров: Помошта за Украина се дава врз основа на кражба на рускиoт имот и на штета на развојот

Прекумерната помош за Украина е обезбедена врз основа на кражба на суверени фондови и на сметка на меѓународната помош за развој, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Лавров, на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на Г20 во Јоханесбург, изјави дека помошта доделена на Украина на овој начин достигнала невидени размери, пренесе ТАСС.
По почетокот на рускиот напад врз Украина, Советот на Европската Унија одобри резолуција со која се обезбедува правна основа профитот од замрзнатите руски средства да се користи за воена помош за Украина, а во јуни минатата година лидерите на Г7 се согласија да му дадат на Киев заем од 50 милијарди долари (47,7 милијарди евра), делумно финансиран од каматите од замрзнатите руски средства.
„Минатата година на ноемврискиот самит на Г20 во Рио де Жанеиро беше констатирана сумата на воените трошоци во светот – 2,4 трилиона долари“, рече Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи рече и дека „во овие услови, пред сѐ, благодарение на напорите на земјите од БРИКС и нивните истомисленици, Г20 продолжува да го одржува статусот на корисна платформа за развој на разни нивоа на државите“.
Лавров потсети дека во 2024 година лидерите на земјите од БРИКС едногласно и недвосмислено се залагаа, земјите од јужната хемисфера да добијат „вистинска потпора на влијание врз активностите на мултилатералните институции, особено Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, сразмерно на нивната тежина и да се осигурат дека нивните потреби се земаат предвид во Светската трговска организација“.
„Сега мораме да ги исполниме договорите, а Русија ќе направи сѐ за да биде полесно“, нагласи Лавров.
Свет
Порошенко до Зеленски: Престани да се однесуваш како да си на стадион

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се осврна на сѐ позатегнатите односи меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски. Тој го повика својот наследник на чело на Украина да избере помек пристап во односите со САД.
Порошенко беше претседател од 2014 до 2019 година, а сега е лидер на опозицијата во парламентот. Тој останува политички ривал на Володимир Зеленски, кој убедливо го победи на изборите во 2019 година. Зборувајќи за растечките тензии меѓу Украина и САД, тој рече дека Зеленски треба да престане да се однесува како на стадион.
„Овој облик на борба не е во корист на Украина, без разлика колку се елоквентни аргументите. Разговорот со Трамп бара дипломатско мајсторство, трпение и смиреност за да не се реагира на секоја негова изјава. Подготвен сум да одам во Брисел или дури и во Вашингтон за да ја спасам ситуацијата“, додаде Порошенко.