Македонија
Стојаноски: Ќе има надзорна расправа која ќе ги повика на одговорност сите инволвирани кои во изминатиот период не направиле ништо за аерозагадувањето
Моето процедурално обраќање е на членот 1 од Деловникот. Ете повеќе часови слушавме различни дискусии донекаде и театар зошто така, зошто вака. Јас можам да кажам дека го почитувам вашиот повеќечасовен говор и сите дискусии одеа во насока да има надзорна расправа која е неопходна, вели пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во текот на вчерашната седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.
Тој зборувајќи во контекст на аерозагадувањето и бараната надзорна расправа во врска со истото, потврдува дека ќе има надзорна расправа која притоа ќе служи за да се добијат конкретни одговори, а не да се креира политика.
„Ќе има надзорна расправа во која ќе бидат повикани на одговорност согласно Деловникот и дејствијата што ќе произлезат од надзорната расправа за сите инволвирани во изминатите периоди кои не направиле ништо за аерозагадувањето. Но, нема да правиме надзорна расправа за да фрламе некому гума за спасување и да му спасуваме политичка кариера или да го спасуваме од одговорност“, концизен е Стојаноски.
Стојаноски потенцираше дека таквата надзорна расправа која ја бара опозицијата ќе биде организирана согласно Деловникот и врз неа ниту еден чинител во Собранието нема да може да остави дамка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

