Свет
(Видео) Хеликоптер на кинеската морнарица прелета на три метри од филипинскиот авион

Хеликоптер на кинеската морнарица прелета на три метри од филипинскиот патролен авион во спорна област на Јужното Кинеско Море, поради што филипинскиот пилот го предупреди преку радио: „Летете премногу блиску, се однесувате опасно“.
Кинески хеликоптер се обидувал да го исфрли авионот Цесна Караван, кој припаѓа на филипинското биро за рибарство и водни ресурси, од, како што тврди Кина, нејзиниот воздушен простор над многу спорниот Скарборо Шол кај северозападните Филипини.
Репортерот на Асошиетед прес и други странски новинари во авионот беа сведоци на тензичната ситуација. Филипинскиот авион ја продолжуваше својата патрола на мала височина околу Скарборо, додека хеликоптер на кинеската морнарица лебдеше во близина на него во облачно време.
Trying to dissuade a Filipino civilian aircraft from conducting a routine patrol near Scarborough Shoal, a Chinese Navy Helicopter came dangerously close it.
The sadistic pleasure CCP is getting through such activities is appalling! @jaytaryela @MalayaIrredenta @ElbridgeColby pic.twitter.com/7O0imks9ML
— Isabella Anderson (@IsabellaAn67) February 18, 2025
„Летате премногу блиску, се однесувате опасно и ги загрозувате животите на нашиот екипаж и патниците. Останете подалеку и тргнете го вашиот авион подалеку од нас, вие ги прекршувате безбедносните стандарди поставени од FAA и ICAO“, му рекол филипинскиот пилот на хеликоптерот на кинеската морнарица преку радио во еден момент.
Пилотот мислеше на стандардното растојание помеѓу авионите што го бараат Федералната управа за авијација на САД и Меѓународната организација за цивилно воздухопловство за да се спречат воздушни катастрофи. Немаше никаков знак дека филипинскиот авион мора да ја промени планираната патека и висина за да избегне судир.
Филипинската крајбрежна стража и Бирото за рибарство соопштија дека остануваат „посветени на потврдување на суверенитетот, суверените права и поморската јурисдикција во Западното Филипинско Море, и покрај агресивните и ескалирачки дејствија на Кина“.
Кинеската војска, нарекувајќи го гребенот со кинеското име, рече дека авионот „нелегално влегол во воздушниот простор на кинескиот остров Хуангјан без дозвола од кинеската влада“. „Кинеската команда ги организираше поморските и воздушните сили да го следат и да го предупредат авионот да замине“, рече полковникот Тиан Џунли, портпарол на командата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници