Забава
Лејди Гага откри што најмногу сака кај обожавателите: „Навистина уживам кога го прават тоа“

Во интервју за Elle, Лејди Гага зборуваше за нејзината кариера, личен живот, а исто така откри дека нејзиниот нов албум „Mayhem“ е звучно моќен и поетски.
Гага е позната по преземањето ризици, а во интервјуто се осврна и на освојувањето Греми, истражување на џезот и моментите на успех.
Таа откри и дека сака кога обожавателите ја поздравуваат со дел од стиховите на нејзините песни кога ќе ја сретнат.
“Навистина уживам во тие моменти“, рече таа.
Откако го освои овогодинешното Греми за најдобро поп дуо со вокал со Бруно Марс за песната „Die With A Smile“, Гага им изрази посебна благодарност на своите фанови.
Покрај фотографијата на која позира со нејзината награда, таа истакна дека оваа церемонија на доделување Греми е исклучително посебна за неа.
„Како резултат на пишувањето песни, сè што сакам да направам е да раскажувам приказни кои ги допираат срцата на луѓето. Љубовта е она што ни треба на сите во моментов“, рекла Гага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нина Бадриќ објави фотографија од плажа во Тајланд: „Доцна ни текнува да живееме“

Нина Бадриќ на Инстаграм објави нова фотографија од одморот во Тајланд.
52-годишната пејачка позираше на плажа во црн костим за капење.
„Животот не е краток, туку доцна ни текнува да живееме“, напиша таа во описот на објавата.
Забава
„Конечно ја најде љубовта“: Алесандра Амбросио фотографирана со новото момче

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (43) е фотографирана како го гушка своето момче Бак Палмер. Парот бил виден во кафуле во Калифорнија, каде уживале во сончевиот ден, а судејќи по фотографиите, биле насмеани и расположени.
Ним не им пречеле погледите на минувачите, па во еден момент размениле и бакнеж.
Извори блиски до манекенката неодамна открија дека таа верува дека конечно ја нашла вистинската љубов. Двојката ја објави својата врска во декември минатата година, откако беше видена на забава во Мајами.
Не долго потоа, Алесандра почна да објавува фотографии со своето ново момче.
Забава
Мишел Фајфер објави фотографија со својот сопруг: тие се запознале на состанок „на слепо“

Актерката Мишел Фајфер (66) не објавува често детали од приватниот живот, но сега ги воодушеви сите обожаватели со нова фотографија на која позира со својот сопруг, продуцентот Дејвид Е.Кели (68).
„Валентајн викенд“, напиша таа во описот и доби бројни коментари од обожавателите кои се восхитуваа на нивната „хармонична врска“, која трае со години.
Нивната љубовна приказна започнала во 1993 година, кога најдобрата пријателка на Мишел ги убедила да се сретнат на состанок на слепо. Иако на првиот состанок не разговарале многу, Дејвид ја поканил на кино една недела подоцна. И покрај тоа што не се допаднаа веднаш, врската се разви со текот на времето и доведе до брак кој трае повеќе од три децении.
Тие се венчаа по само 10 месеци врска, а истиот ден ја крстија и посвоената ќерка Клаудија Роуз. Девет месеци по нивната венчавка, тие го добија синот Џон Хенри.
Нејзините обожаватели често истакнуваат дека актерката изгледа одлично за своите години, а таа еднаш објасни како го постигнува тоа, велејќи дека е многу едноставно. Таа претходно за Дејли Мејл откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.