Црна хроника
Скопјанка во својот двор во Кисела Вода пронашла куршум, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 37-годишната Е.П.И. од Скопје пријавила дека во нејзиниот двор на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал

Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал и избегал.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство.
Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Таксист во Скопје се качил на возилото за да не му го крене „пајакот“

Таксист се качил на своето возило за да не му го крене „пајак“ службата. Инцидентот се случил во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Џ.(57) од Скопје, поради тоа што додека со „пајак“ возило му било подигано неговото такси возило, агресивно се однесувал кон полициските службеници, се качил врз возилото и одбивал да се симне.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина возач во Чаир, со автомобил удрил во камион

Седумдесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(75) од Скопје, удрило во товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Х.И.(60) од Куманово, кое по инерција од ударот удрило во товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Л.Ш.(42) од Скопје, а потоа и во Х.И., кој стоел до возилото кое претходно го паркирал.
На местото на настанот починал М.Д., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција. Со телесни повреди се здобил Х.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.