Македонија
(Видео) Пред Кривичен се бара правда за Феликс: Држава што не превенира и не санкционира охрабрува насилство!
Пред Кривичниот суд во тек е протест на кој се бара правда за кучето Феликс, кое беше претепано со метална шипка, а умре по два месеца во агонија.
Протестот е денес кога требаше да биде одржано првото рочиште, но на крајот беше одложено бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана го немаат примено обвинителниот предлог ниту, пак, решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство.
Активистите пред судот најавија поднесување иницијатива за измена и дополна на Кривичниот закон до Владата, со внесување нови прецизно дефинирани категории – нови квалификувани форми на кривично дело мачење животни.
„Феликс се мачеше 52 дена и умре затоа што беше мирно бездомно куче, кое не се ни обиде да се одбрани или нападне, а кое и покрај сето зло што му беше нанесено им веруваше на луѓето, кои неполни 2 месеца се бореа за неговиот живот. Тука сме зашто бараме одговорност и затворски казни за сторителот и за соучесниците“, порачаа активистите.
Се додава дека во нашата држава сведоци сме на фрапантни и секојдневни случаи на насилство врз животните, безумие и суровост на начини што не може, а да ги смисли нормален ум, без граници; насилство што неминовно ескалира доколку не се препознае и казни соодветно. Тоа се девијантни и непресметани лица околу нас, нашите деца, семејствата.

„Држава што не превенира и санкционира охрабрува насилство! Бараме зголемување на санкциите предвидени со член 233 (Убивање и мачење животни), особено по правно лице, и воведување нови квалификувани форми на извршување на ова дело. Конкретно, покрај зголемување на казните, бараме: 1) воведување засебно кривично дело: борби со животни; 2) засебно кривично дело: напуштање животни; 3) воведување засебна безбедносна мерка – забрана за чување и стекнување животни, која може да се изрече за најтешки случаи на злоупотреба на животни кога околностите на извршувањето упатуваат на опасност од повторување на кривичното дело“, појаснуваат активистите додавајќи дека нивните барања се базираат на успешни европски примери во законодавството, меѓу кои Хрватска, Италија, Франција, Полска.
Протестот го иницира здружението „Анима мунди“, а е поддржан и од иницијативата „Зелен хуман град“.
Обвинетите Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски се товарат за убивање и мачење животни“, член 233 став 1 од Кривичниот законик, кој гласи: „тој што ќе усмрти животно без оправдана причина или грубо го злоупотребува или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или поради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

