Свет
Хекман и неговата сопруга биле пронајдени мртви во посебни простории: апчиња пронајдени до неа
Истрага е во тек откако познатиот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава, заедно со нивното куче, беа пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико.
Телата на 95-годишниот Хекман и 64-годишната Аракава беа пронајдени од екипажот на шерифот во четвртокот попладне во населбата Хајд Парк во Санта Фе, соопшти Одделот за шерифот во Санта Фе. Двојката со години живееше во таа област.
Шерифот Адан Мендоза во телефонско интервју изјави дека соработник на Хакман се јавил во средата попладне, откако ги открил телата на актерот и неговата сопруга.
Парот бил пронајден во различни соби, а до Аракава биле пронајдени апчиња, пренесува Њујорк Тајмс. Едно од нивните кучиња било мртво во кафезот, додека останатите преживеале. Мендоза рече дека нема очигледни знаци на повреда на телата и дека не е пронајдена белешка. „Во моментов немаме очигледни показатели“, рече шерифот. „Аутопсијата ќе ни каже повеќе“, рече тој додека истрагата продолжува.
Пред да влезат во домот, шерифот добил потврда од противпожарната и гасната компанија дека е безбедно да се влезе во имотот, а нема знаци на јаглерод моноксид. Мендоза нагласи дека не сакаат да шпекулираат дали се работи за несреќа или природни причини. „Ова не е типичен случај“, рече тој.
Компанијата за гас учествува во истрага за смртта, поради извештаите кои сугерираат дека парот починал од сомнително труење со јаглерод моноксид.
Портпаролот на Њу Мексико Гас, Тим Корте, потврди за Асошиетед прес дека компанијата соработува со канцеларијата на шерифот во истрагата.
По откривањето на телото, биле тестирани плинските инсталации во и околу куќата и не биле пронајдени никакви проблеми, но еден од детективите забележал дека луѓето изложени на истекување на гас можеби не мора да покажуваат јасни знаци на труење.
Двојката беше пронајдена во нивниот дом во изолирана населба високо над центарот на Санта Фе. Хекмен се преселил во Санта Фе во 1980-тите откако снимал неколку филмови во областа. Откако се повлече од Холивуд пред повеќе од две децении, тој напиша неколку историски авантуристички романи со својот пријател. Повремено беше виден во центарот на Санта Фе.
Еден од најпознатите холивудски актери, Хекмен беше номиниран за пет Оскари и освои два во текот на својата 40-годишна кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

