Економија
Склопи сам, конфигурирај со „Нептун“!

Конечно и кај нас, во нашата најсовремена продавница за компјутерски компоненти, отсега е достапен и онлајн конфигуратор, со кој лесно ќе може да го склопите вашиот идеален компјутерски систем.
Тимот на Нептун верува дека вашиот компјутер треба да биде единствен како и вие, затоа се одлучија на пионерски и храбар исчекор кон овој сегмент, знаејќи дека со конфигураторот нема да понудат само техничка слобода на своите купувачи, туку и ексклузивно патување до нивниот личен, уникатен компјутер.
Онлајн конфигураторот нуди загарантирана компатибилност меѓу компонентите, широк избор на премиум компоненти од врвни брендови, неограничена креативност и целосна поддршка чекор-по-чекор низ секоја компонента во вашата конфигурација. Од изборот на процесор, преку графичката картичка, па сè до последниот мемориски чип – со онлајн конфигураторот кој ексклузивно го нуди само Нептун, вие сте архитект на сопственото ремек-дело од компјутер.
- Но зошто сами да конфигурирате компјутер?
- Затоа што може да го направите во секое време и од кое било место
- Затоа што може подобро да го оптимизирате вашиот буџет
- Затоа што може да ги изберете компонентите што ги сакате и што совршено ќе одговараат на вашите потреби, а притоа да бидете сигурни дека истите се меѓусебно компатибилни
- Затоа што ќе може полесно да го надградувате и одржувате компјутерот и во иднина
- И конечно, затоа што сите компоненти и онлајн конфигураторот сега се достапни во Нептун.
Дополнителна предност на овој подвиг е тоа што ќе го прилагодите вашиот иден компјутер според вашите желби и потреби до најмалите детали. Без оглед на тоа дали сакате да склопите компјутер за игри, за стриминг или интензивно ќе го користите за создавање мултимедијална содржина, сега имате „хаб“ каде ќе ги најдете сите компоненти и конфигураторот кој ќе ви помогне да креирате врвен домашен, канцелариски или компјутер за игри. Сето ова, благодарение на Нептун ќе биде лесно како 1-2-3.
Изборот на компонентите што ја сочинуваат секоја компјутерска конфигурација е вистинска уметност и конечно Нептун ја носи таа уметност поблиску до вас, токму преку оваа револуционерна услуга.
Кога сами ќе составите компјутер, вие имате само своја, лична конфигурација што ќе одговара на вашите потреби, посебен, единствен компјутер што никој друг го нема освен вас. Со избирање на вистинските компоненти со помош на конфигураторот, ќе постигнете максимални перформанси со минимална инвестиција што ќе ги оживее вашите игри и апликации.
И за крај, потсетување за сите љубители на технологијата, искористете ја можноста за купување производи од целата ИТ категорија на дури 48 рати без камата, во сите продавници на Нептун.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.
Економија
Во Народната банка се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите на која беше претставен научниот труд „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути.
Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан, која посочи дека презентираниот труд нуди значајни сознанија за макроекономските и институционалните фактори коишто влијаат на дефицитот на тековната сметка во Република Северна Македонија. Таа нагласи дека надворешната позиција на македонската економија има особено значење, имајќи ја предвид стратегија на фиксен девизен курс, што ја спроведуваме. Во таа насока, одржливата тековна сметка претставува клучен елемент за зачувување на севкупната макроекономска стабилност.
Главниот заклучок на емпириската анализа е дека дефицитот на тековната сметка е резултат на макроекономски фактори – производниот јаз, како индикатор на домашната побарувачка, трговската отвореност и реалниот девизен курс. Дополнително, влијание имаат и фискални и финансиски фактори, како што се јавниот долг и паричната маса (М2), соодветно. Сепак, клучниот придонес на овој труд е вклучувањето на т.н. институционални фактори и оцената на нивното влијание врз билансот на тековната сметка. Студијата покажува дека силните институции – особено поефикасното управување, зголемениот квалитет на јавните услуги и заштитата на економските права, како што е правото на сопственост – можат значително да придонесат за подобрување на тековната сметка на платниот биланс. Овие заклучоци упатуваат дека, институционалните реформи се исто така важен сегмент за зајакнување на надворешната стабилност на економијата.
По презентацијата, следеше дискусија меѓу учесниците и презентерите, поттикната од презентацијата на трудот и од изнесените заклучоци. Следната сесија е планирана за септември годинава.