Забава
Четири хороскопски знаци без влакна на јазикот
Сите знаеме луѓе кои секогаш се насмевнуваат и ја држат вратата отворена. Сепак, има и такви кои немаат трпение за љубезни фрази, а хороскопот може да открие кои се тие.
Некои се брутално искрени, други немаат нерви за туѓите емоции, а трети едноставно мислат дека љубезноста е преценета. Ако сте почувствувале ладен туш додека разговарате со некого, можно е тој да припаѓа на еден од овие четири знаци.
Овен
Овните немаат време за ситни пријатности. Секогаш се во движење, а нивната директност понекогаш се граничи со грубост. Ако нешто им пречи, тоа ќе го кажат без бирање зборови, без разлика дали тоа ги повредува вашите чувства. Не очекувајте да се сетат да ви честитаат роденден или да ви понудат утешен збор ако се жалите.
Девица
Девиците се интелигентни, аналитички и… ужасно критични. Ако не сте ги измиле рацете пред да го допрете нивниот кујнски пулт, ќе добиете предавање за хигиена. Ако носите нешто што не одговара на вашиот тип на тело, Девицата тоа ќе ви го каже – „со најдобра намера“, се разбира. Нивната добрина секогаш доаѓа со доза на сарказам и неизбежна критика.
Јарец
Јарците не се нељубезни во класична смисла, но се толку воздржани и сериозни што често оставаат впечаток дека се ладни. Тие не ја гледаат поентата во празниот разговор и не сакаат да се преправаат дека им е грижа ако не го прават тоа. Ако ги прашате како им е, ќе добиете краток, информативен одговор – без емоции. И ако ги прекинете додека работат, тие само ќе ве погледнат од под веѓите и ќе речат: „Што ви треба?“
Шкорпија
Шкорпиите не се познати по споделување комплименти или насмевки доколку тоа не им користи. Тие имаат продорен поглед кој може да направи да се чувствувате како да сте под рендген, а доколку ги иритирате, тие се подготвени за вербален отров кој ја погодува точно целта. Ако чувствувате напнатост во воздухот додека разговарате со некој кој зјапа во вас без навестување на насмевка – честитки, разговарате со Шкорпија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Карлос Алкараз се соблече и беше распнат во коментарите: „Никогаш повеќе не го прави ова“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз сигурно не очекувал дека една од неговите објави ќе привлече толку многу коментари на социјалните мрежи. Тој веќе неколку пати го привлече вниманието кон себе со своите модни изданија, а некои дури го опишаа и како нова модна икона.
Овој пат, младиот тенисер позираше во долна облека и го рекламираше познатиот бренд Calvin Klein, но веројатно немаше поим какви коментари го очекуваат.
well at least he's not doing shit like this https://t.co/MAhUNXl4Do pic.twitter.com/JgOy0QbnEN
— mora🇦🇷 (@leclercent) February 22, 2026
„Зошто изгледа како бремена жена“, „Ова е вештачка интелигенција“, „Не би рекол дека е најзгодниот тенисер на светот“, „Нема ниту лице ниту тело на модел“, „Никогаш повеќе не треба да го прави ова“, „Синер е подобар од него“, „Грда долна облека, а ниту тој не испадна баш најдобро“, беа само дел од коментарите.
Алкараз се најде во центарот на вниманието и кога се појавија информации за неговата наводна врска со Брукс Надер. Риалити убавицата е позната по своите провокативни и голи изданија, а наводно била и во врска со Јаник Синер, лутиот ривал на Алкараз.
Патем, ниту Брукс ниту Карлос никогаш не ја потврдија својата врска.
Забава
(Фото/Видео) Доста ѝ е од романтични изданија, сега избира чист сексапил
Марго Роби веќе долго време привлекува внимание од јавноста – и поради нејзиниот нов филм „Wuthering Heights“, и поради нереалните модни избори што би ги носела секоја жена.
Навистина, ја видовме на разни јавни појавувања, но сега одлучи да ја разбуди имагинацијата на многумина со едно секси издание.
Неодамна присуствуваше на филмскиот фестивал „Tropfest“ во Сиднеј, Австралија, а за таа пригода донесе смела комбинација.
Таа избра сатенски шорцеви што ги комбинираше со црн топ. Додаде и проѕирна наметка што му даде на целиот изглед драматичен шмек.
Нејзината необична комбинација ги доведе многумина до едно прашање – дали одлучи да носи интимна долна облека за голем филмски настан? Во секој случај, совршено ѝ стои, а сигурни сме дека нејзините обожаватели немаа забелешки ниту на овој изглед.
Стајлингот го комплетираше со едноставна фризура – брановидни прамени што паѓаат по рамената и едвај забележлива количина шминка. На ваква жена не ѝ се потребни додатоци за да ја разубави… таа веќе ја има целата убавина што ѝ е потребна.
Забава
(Фото/Видео) На славната актерка и пукна здолништето пред сите: милиметри ја делеа од катастрофа
Познатата актерка Кирстен Данст (43) се појави на доделувањето на наградите БАФТА и сè остави во сенка, но не поради нејзиниот стил, туку поради мала модна несреќа што ѝ се случи кога пристигна на забавата по настанот.
Кирстен за оваа пригода избра едноставен аутфит, составен од црно здолниште и бела блуза.
Kirsten Dunst suffers an unfortunate wardrobe malfunction as her skirt SPLITS while attending the Universal BAFTA afterparty https://t.co/jhq2WDs2IS
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) February 23, 2026
Виолетовото сако со пуфкасти ракави го надополни нејзиниот аутфит, а потоа дојде редот на модната несреќа. Сепак, актерката победи дури и во таа „битка“.
Дури и облеката со највисок квалитет може да се скине, а Кирстен имаше среќа што здолништето ѝ се скина токму на шевот, па доби малку попровокативен шлиц и успеа да се справи со тоа.
Kirsten Dunst and Jesse Plemons, 1 van de leukste stellen van Hollywood #BAFTAs pic.twitter.com/Zn096mshNa
— Mies (@MiesBee) February 22, 2026
Актерката го поддржуваше својот сопруг Џеси Племонс (37), кој исто така беше номиниран за наградата, па и покрај несреќата, таа цело време се насмевнуваше и позираше за фотографите и се однесуваше како ништо да не се случило.

