Забава
(Видео) Џиџи Хадид блесна на модниот настан во Париз во Лувр

Џиџи Хадид, едно од најпознатите лица на модната индустрија, привлече внимание на специјален настан во Париз. Спојот на модата и уметноста беше прославен во познатиот музеј Лувр, а Џиџи одлично ја претстави таа идеја со својот изглед.
Џиџи Хадид го надополни својот впечатлив фустан со внимателно одбран накит. Таа носеше слоевити дијамантски и златни ланчиња, меѓу кои се издвојуваше долга огрлица со привезок во форма на срце. Големи златни обетки, украсени со ситни дијаманти и соодветни нараквици и прстени ја заокружија нејзината гламурозна облека.
Нејзината руса коса беше обликувана во елегантна фризура која многумина ги потсети на Мерлин Монро и на златното доба на Холивуд.
„Секогаш те остава без зборови“, „Кој рече дека не можеш да комбинираш сребро и злато? Џиџи може се“, „Изгледа фантастично“, беа само дел од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Брус Вилис си ја отвори душата: Чувствувам длабока болка во градите затоа што сакам да те гушнам, да ти кажам што ми се случува

Румер Вилис, ќерката на холивудската легенда Брус Вилис, испрати трогателна порака до својот татко на Денот на таткото, размислувајќи за нивниот однос, семејството и тешкиот период низ кој минуваат откако му беше дијагностицирана деменција.
„Денот е тежок. Чувствувам длабока болка во градите затоа што сакам да те гушнам, да ти кажам што ми се случува, да ти поставам прашања за твојот живот, твоите приказни, борби и успеси“, напиша Румер на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Знам дека не би сакал да бидам тажна, па ќе се обидам да бидам благодарна. Благодарам што си мојот татко. Што сè уште можам да те држам за рака, да те гушнам, да ти го бакнувам образот, да гледам како твоите очи светат кога ќе ја видиш Луета. Секој момент со тебе е драгоцен. Те сакам, Среќен Ден на татковците”.
Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година, откако му беше дијагностицирана афазија, болест која влијае на говорот и когнитивните способности. Една година подоцна, семејството објави дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, форма која ги зафаќа предните и страничните делови на мозокот.
Оттогаш, Румер и остатокот од семејството отворено споделуваат фрагменти од секојдневниот живот и предизвиците со кои се соочуваат. Другата ќерка, Талула, претходно изјави дека нивните посети биле „полни со љубов“ и дека ја чувствуваат важноста да се подигне свеста за болеста.
Објавата на Румер Вилис предизвика бројни реакции и поддршка, а многумина споделија свои искуства со членовите на семејството кои живеат со деменција. Деми Мур, поранешната сопруга на Брус и мајка на неговите три ќерки (Румер, Скаут и Талула), исто така ја истакна важноста од споделување на нивната приказна: „Ако може да му помогне на друго семејство или да привлече внимание на некоја болест да се најде лек – тоа е важно“.
Во 2009 година, Брус Вилис се ожени со манекенката Ема Хеминг, со која имаше уште две ќерки – Мејбел Реј Вилис (13) и Евелин Пен Вилис (11).
Забава
Дејвид Бекам прогласен за витез

Британскиот крал Чарлс на својата роденденска забава го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез за неговиот придонес во британското општество, според традиционалниот список на добитници на титулата витез објавен во петокот.
„Никогаш не замислував дека ќе добијам таква чест“, изјави Бекам за новинарите, кој пораснал во скромна околина во источен Лондон во семејство на патриотски и горди британски родители и баби и дедовци.
50-годишниот поранешен фудбалер, кој се пензионира во 2013 година, и неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на популарната британска група „Спајс грлс“, сега ќе станат сер Дејвид и леди Викторија.
Бекам, икона во светот на фудбалот и модата, со години е номиниран за витез, а сега конечно е почестен за своите заслуги во спортот и хуманитарната работа. Поранешниот англиски репрезентативец играше 115 пати за својата земја и освои многубројни трофеи со „Манчестер јунајтед“, а беше и многу активен во хуманитарната област. Во соработка со УНИЦЕФ тој водеше кампањи за организацијата што работи со името Malaria No More и работи на искоренување на маларијата во целиот свет.
Во јуни 2024 година кралот Чарлс официјално го назначи за амбасадор на својата фондација (Фондацијата на кралот).
Тој и неговата сопруга се блиски со кралот и неговото семејство многу години. Тие беа поканети на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година, како и на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година. Бекам претходно го доби Орденот на Британското Царство (OBE) за заслуги во спортот во 2003 година, кој му го додели кралицата Елизабета II.
Забава
(Фото) Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, таа беше фотографирана на улиците на Лондон

Познатата пејачка Рита Ора често привлекува внимание со својот изглед.
Таа е секогаш тема кога станува збор за прекрасен изглед, а постојано покажува дека обожава да истакнува сè што поседува.
Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, овој пат таа беше фотографирана на улиците на Лондон.
Како и секогаш, екстравагантната Рита избра асиметрично здолниште со процепи, со кое носеше градник со детали од тантела, но преку сè имаше и јакна.
Пејачката го комплетира својот моден изглед со розови сандали со пердуви, меѓутоа сите многу повеќе гледаа во горниот дел и во нејзините обликувани стомачни мускули.
Впечатливиот накит и очилата за сонце се неопходен дел од секој нејзин миоден изглед.