Забава
(Видео) Меланија Трамп повторно збуни со потег: „Повторно ја направи таа работа со усните“

Првата дама на САД Меланија Трамп стана вирална откако видеото објавено за време на нејзината посета на Калифорнија со нејзиниот сопруг Доналд се прошири на интернет.
Фокусот беше на нејзините усни, а многумина пишуваа дека „прави чудни движења на усните“. „Секогаш го прави ова, изгледа непријатно во јавност“, „Како да има тикови“, „Ова не е ништо ново, таа тоа го прави цело време“, напишаа тие.
Melania was making some strange movements with her lips on the tarmac in California today. Almost seemed like wincing. Hopefully everything is ok. pic.twitter.com/V8d7IQuxd8
— PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) January 25, 2025
Сега, видео од неодамнешното обраќање на Трамп во Конгресот се споделува на Икс. Додека Трамп ја претставуваше првата дама на САД, камерите ги фатија нејзините усни како се грчат.
Melania was doing that lip thing again https://t.co/0OVv5hUBla pic.twitter.com/tuYnTxf1E7
— PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) March 5, 2025
Видеото брзо се рашири низ интернетот, а некој напиша: „Меланија повторно ја прави таа работа со усните“.
„Дали е добро?“, „Можеби тоа го прави поради стрес“, „Изгледа како да ржи“, „Добро е, едноставно не сака кармин на забите“, се само дел од коментарите поврзани со првата дама, која неодамна ја прослави 20-годишнината од бракот со својот сопруг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Спортист падна на глава во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“ во обид да направи салто наназад, видеото стана вирално

Бејзбол играчот Роберт Ентони Круз, член на популарниот тим Савана Бананас, доживеа болна и срамна несреќа во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“. Неговиот обид да го изведе своето препознатливо салто наназад во емисијата во живо заврши со паѓање на глава, а видеото брзо стана вирално.
View this post on Instagram
Инцидентот се случи додека Круз даваше интервју. Кога го прашаа дали може да покаже еден од своите трикови, 26-годишниот спортист реши да направи салто. Но, наместо грациозно да слета, тој падна со лицето на подот од студиото.
Водителката Кејт Болдуан во шок извика: „О, Исусе“, додека Круз полека се крена на нозе со крвав образ и усна, обидувајќи се да се насмевне низ болката и велејќи: „Ова никогаш не се случува“.
Иако се обиде да ја намали сериозноста на ситуацијата, подоцна откри дека морал да побара медицинска помош. На Инстаграм објави дека добил „неколку конци“, но се пошегува и за сопствената сметка, додавајќи дека неговата гордост е „малку оштетена“.
Во објавата, тој им порача на своите следбеници: „Да, добро сум. Звукот од падот го прави видеото десет пати посмешно. Имате моја дозвола да се смеете.“
Забава
Актерот Мајкл Ворд обвинет за силување

Актерот Мајкл Ворд е обвинет за два случаи на силување и три сексуални напади, објави лондонската Метрополитен полиција.
Наводните инциденти наводно се случиле во јануари 2023 година.
Познат по своите улоги во серии и филмови како што се „Топ Бој“, „Мала секира“ и „Сина приказна“, Ворд го привлече вниманието на публиката и критичарите со својата младешка енергија и актерска автентичност, поради што беше крунисан со награда БАФТА во 2020 година.
Мајкл Ворд сега се соочува со сериозни обвиненија кои ќе го добијат својот судски епилог на 28 август, кога треба да се појави пред надлежниот суд во Лондон.
Детективскиот началник Скот Вејр од Метрополитен нагласи: „Нашите специјализирани службеници продолжуваат да ја поддржуваат жената што го направила извештајот. Знаеме дека истрагите од ваков вид можат да имаат значително влијание врз оние кои избираат да проговорат.“
Според него, истрагата е сè уште во тек, а полицијата апелира до јавноста да се воздржи од предвремени заклучоци.
Забава
Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.
На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.
„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.
„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.
За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.
„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.
Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.
„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.
Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан.