Свет
Советникот на Зеленски: Можеме ли да кажеме дека соработката со САД е целосно обновена? Практично да
Михаил Подолијак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски закучи дека соработката со САД е обновена.
„Можеме ли да кажеме дека соработката со САД е целосно обновена? Практично да. Слушнавме изјави дека се подготвени да продолжат да работат на р договор за минералните суровини, велејќи дека можат да се сретнат со нас на различни нивоа за да разговараат за деталите од преговорите за решавање на војната и така натаму“, рече тој, пренесоа украинските медиуми.
Подољак вели дека сето тоа е апсолутно конструктивна работа, иако додаде дека пред една недела многумина мислеле дека односите се одамна прекинати.
“Based on the fact that Russia is absolutely ‘pounding’ Ukraine on the battlefield right now, I am strongly considering large scale Banking Sanctions, Sanctions, and Tariffs on Russia until a Cease Fire and FINAL SETTLEMENT AGREEMENT ON PEACE IS REACHED. To Russia and Ukraine,… pic.twitter.com/kwrfbaQw4d
— President Donald J. Trump (@POTUS) March 7, 2025
Американскиот претседател Трамп претходно денес напиша дека размислува за воведување санкции и царини за Русија додека не се постигне прекин на огнот и мировен договор со Украина.
„Врз основа на фактот дека Русија апсолутно ја толчи Украина на бојното поле во моментов, јас силно размислувам за големи банкарски и други санкции и царини за Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.
Тој ги повика Русија и Украина да седнат „веднаш на преговарачка маса, пред да биде предоцна“.
Предупредувањето на американскиот претседател дојде по жестоките напади на Русија низ Украина во раните утрински часови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Судири во Сирија: Војската напредува кон курдските подрачја, САД предупредуваат
Сириската војска го продолжи продорот на територии под контрола на Курдите, и покрај повиците на САД да го запре напредувањето на северот од земјата. Државните медиуми објавија дека е заземен северниот град Табка, како и блиската брана и стратешката брана „Слобода“, западно од Рака.
Курдските власти не ги потврдија овие тврдења, а не е јасно дали борбите сè уште траат.
Судирите се водат околу стратешки позиции и нафтени полиња долж реката Еуфрат. Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, соопштија дека се повлекле од дел од подрачјата како гест на добра волја, но ја обвинија сириската војска за кршење на договорот со ново напредување.
Командантот на американската Централна команда (CENTCOM), Бред Купер, повика сириските сили да ги запрат офанзивните дејства меѓу Алепо и Табка.
Во градот Деир Хафир, со претежно арапско население, жителите го поздравиле влегувањето на сириската војска. Сириската нафтена компанија соопшти дека се преземени нафтените полиња Расафа и Суфјан.
Сириската војска тврди дека загинале четворица нејзини припадници, додека СДФ соопшти за загуби во своите редови, без конкретни бројки.
Свет
ЕУ на итен состанок во Брисел по царинските закани на Трамп
Претставниците на земјите членки на Европската унија денеска ќе одржат вонреден состанок во Брисел, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини поврзани со прашањето за Гренланд, јави германската агенција „ДПА“.
Состанокот е свикан на ниво на амбасадори по иницијатива на Кипар, кој во моментов претседава со Советот на ЕУ.
Трамп објави дека од 1 февруари ќе воведе дополнителни 10% царини за осум европски земји, а од 1 јуни тие ќе се зголемат на 25% – освен ако не се постигне договор за продажба на Гренланд на САД. Мерките се однесуваат на Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска.
ЕУ засега не соопшти дали на денешниот состанок ќе се дискутира за можни контрамерки. Брисел располага со инструмент против присила, кој дозволува воведување реципрочни царини и други мерки кога трета земја се обидува да изнуди политичка одлука преку трговски притисок.
Земјите на кои им се заканува со царини оваа недела учествуваа во распоредување на воено извидничко присуство на Гренланд, во рамки на данската вежба „Arctic Endurance“, организирана со НАТО-сојузниците.
Свет
(Видео) Побуна во Гватемала: Затвореници презедоа контрола и зедоа 46 заложници
Затвореници во Гватемала се побунија во три затвори и зедоа најмалку 46 заложници, потврди министерот за внатрешни работи Марко Антонио Виледа. Според властите, зад координираната акција стои бандата „Барио 18“, чии членови барале подобри услови и преместување на својот лидер.
Заложниците се претежно затворски чувари, а меѓу нив има и психолог. Виледа истакна дека немало жртви ниту повредени, и порача дека нема да има договори со, како што ги нарече, „терористички групи“.
❗️⚠️🇬🇹 – Guatemalan Prison Riots: Inmates Take At Least 46 Hostages
Inmates rioted at three prisons in Guatemala, taking at least 46 hostages—mostly guards and one psychologist.
Interior Minister Marco Antonio Villeda confirmed no deaths or injuries among the hostages.… pic.twitter.com/7dt4gZZZ9k
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) January 18, 2026
Во затворот Реновасион 1 во градот Ескуинтла, армијата и полицијата го опколија објектот. Еден маскиран затвореник преку бодликавата жица изјавил дека бараат преместување поради несигурност во затворот.
Министерството соопшти дека побуната е директен одговор на укинување на привилегиите за затворските шефови.

