Свет
(Видео) Се урна мал авион во САД, падна на паркинг

Мал авион вчера попладне се урна во близина на пензионерска заедница во округот Ланкастер, Пенсилванија, јавува Си-ен-ен.
„Авионот се урнал и службите за итни случаи се на лице место“, потврди полицијата.
Plane crashes into residential neighborhood in Manheim, Pennsylvaniapic.twitter.com/DnaTQeqnLq
— Rifnote (@viarifnote) March 9, 2025
Според извештаите, авионот паднал на паркинг, предизвикувајќи пожар кој зафатил повеќе возила. Службите за итни случаи, вклучувајќи пожарникари, полиција и екипи за опасни материјали се на местото на несреќата.
Биле пријавени неколку повредени, но детали за бројот и тежината на повредите се уште не се соопштени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Запален танкер во Северното Море, погоден од контејнерски брод

Tанкер со нафта и товарен брод утрово се судрија во Северното Море, при што танкерот избувна во пламен.
Несреќата се случила во близина на брегот на Источен Јоркшир, а алармот бил вклучен во 9:48 часот по локално време.
Крајбрежната стража веднаш почна голема спасувачка операција со чамци и хеликоптер. Покрај нив, на местото на судирот биле испратени и авион на крајбрежната стража и блиски бродови.
Крајбрежната стража во соопштение за печатот соопшти дека „инцидентот се уште трае“. Според неофицијални информации, контејнерскиот брод МВ Солонг удрил во нафтениот танкер МВ Стена Имакул, кој бил закотвен.
Според информациите кои ги објави Би-Би-Си, танкерот е во пламен. Противпожарните екипи на море работат на локализирање на пожарот, додека спасувачите ја координираат операцијата на лице место.
Засега нема информации за жртви или евентуално загадување на морето.
(Фото: илустрација)
Регион
Мал авион кој полетал од Загреб исчезна над Словенија

Податоците на „Флајтрадар“ покажуваат дека мал авион „муни овејшн М20Р“, кој полетал од Загреб, исчезнал нешто по 8 часот наутро во областа Велика Планина во Словенија.
„24.ур“ пишува дека се работи за американски авион, кој почнал спирално спуштање од височина од 2,5 километра.
Љубљанската полиција изјавила дека, најверојатно, се работи за авионска несреќа поради што во реонот се трага. Подоцна, полицијата соопшти дека била известена оти комуникацијата на малото летало со контролата на летање била прекината, пренесе „Индекс.хр“.
„Контактот со леталото е изгубен од засега непозната причина во областа Велика Планина, каде што полицијата и спасувачките служби моментно вршат активности. Потрагата е отежната поради екстремно лошите временски услови и слабата видливост, што исто така го отежнува летањето на спасувачките хеликоптери“, додаваат тие.
Според првичните информации, во авионот имало едно лице, јавува порталот „Камник инфо“. Покрај полицијата и пожарникарите, во потрагата учествуваат и планински спасувачи од Камник и Целје.
Свет
Обидувајќи се да избегне автобус, возач на автомобил удри во автобуска постојка во Русија – има тешко повредени, меѓу кои и дете

Најмалку 11 лица се повредени денеска во рускиот град Казан кога автомобил влета во автобуска постојка, соопшти Министерството за здравство на Татарстан.
„11 лица се повредени кога патнички автомобил удрил во автобуска постојка. Девет лица се пренесени во болница во умерено тешка состојба, меѓу кои и 12-годишно дете, се вели во соопштението, пренесува „РИА новости“.
Како што соопшти Обвинителството, возачот на изнајмениот автомобил прегазил луѓе додека се обидувал да избегне автобус.
На местото на несреќата се испратени четири екипи на брза помош и две медицински екипи за катастрофи, соопшти руската агенција.