Забава
Ќерка на милијардер и холивудска дива ја освојува јавноста: која е Валентина Палома Пино
 
																								
												
												
											Валентина Палома Пино, 17-годишната ќерка на Салма Хајек, станува сѐ поинтересна и попозната и на јавноста и на медиумите. Таа привлече големо внимание минатата недела на настан за време на Модната недела во Париз и луѓето без престан зборуваат за неа.
Мајка ѝ е вистинска холивудска ѕвезда, која ја почна својата кариера во 90-тите години во филмовите, како „Десперадо“, со Антонио Бандерас. Денес таа е глобално позната, а нејзиниот егзотичен изглед и харизма ја наведоа да соработува со најголемите имиња во филмската индустрија – Џорџ Клуни, Метју Пери и Анџелина Џоли.

А сопругот на Салма и татко на Валентина, Франсоа-Анри Пино, е француски милијардер и еден од најмоќните луѓе во светот на модата. Тој ја предводи групата „Керинг“, која ги држи под своја закрила модните гиганти „Гучи“, „Баленсијага“, „Сен Лоран“ и многу други.
Иако порасна во центарот на вниманието, Валентина Палома покажува дека има свои соништа и амбиции, кои ги надминуваат презимето и богатството на нејзиното семејство. Иако има само 17 години, таа веќе го привлекува вниманието на модниот свет, медиумите и на филмската индустрија.

Салма Хајек во неколку наврати во интервјуата потенцира колку ѝ е важно Валентина да остане приземјена и покрај привилегиите што ги има. Тие често оделе на одмор во Мексико посетувајќи го родниот град на Салма, Коатзакоалкос, а Салма ја научила својата ќерка за важноста на семејството, традицијата и помагањето на другите.
Валентина течно зборува четири јазици од мала – шпански, англиски, француски и италијански. Иако нејзиното образование останува главно приватно, познато е дека посетува едно од престижните меѓународни школи во Париз, а во слободното време ужива во сликање, пишување и фотографија.

Валентина дури во последните неколВог Мексико“ во 2022 година, што беше нејзиното вистинско деби во светот на модата. Критичарите ги пофалија нејзиниот природен шарм, едноставноста и елеганцијата.
Минатата година таа беше видена на неколку големи модни настани – меѓу кои и на Balenciaga Couture Show и на Gucci Love Parade – секогаш придружувана од родителите, но и сама, каде што го покажува своето растечко присуство во модните кругови.

Валентина не сака да застане само на модата. Во интервју за „Вог Мексико“ во 2023 година таа призна дека сериозно размислува за актерска кариера, исто како и мајка ѝ. Сепак, таа додава дека нејзиниот вистински сон е да стане режисер. „Мислам дека треба да бидете пред камера за да разберете што значи да се биде зад камерата. Така подобро ќе знаете како да ги водите другите актери и да раскажувате приказни“, вели таа.
Таа напомена и дека би сакала да се занимава со хуманитарна работа, со посебен акцент на заштитата на животната средина и правата на жените. Со тоа таа јасно ги наследи вредностите што ѝ ги всади мајка ѝ – Салма е позната по нејзината хуманитарна работа и борба за правата на жените и децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Забава
Кејти Пери со роденденската торта предизвика бес кај фановите: „Ова е патетично“
 
														Пејачката Кејти Пери го прослави 41. роденден на својата турнеја, но наместо честитки, доби лавина критики поради еден потег што го сподели на социјалните мрежи.
На видеото од прославата се гледа како Пери ги дува свеќичките, а потоа ја фаќа тортата и ја фрла кон еден член од тимот, кој во последен момент ја избегна. Тортата заврши на земи, а некои од танчерите потоа јадеа парчиња од подот.
View this post on Instagram
Фановите ја осудија сцената, нарекувајќи го однесувањето на пејачката „незрело и без почит“. „Тимот ѝ подготви торта со љубов, а таа ја фрли на под – патетично“, напишал еден корисник. Друг додал дека Пери „треба да се спушти на земја“.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
 
														Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
 
														Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											