Македонија
„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието и јавноста. Ова не е само правен проблем – ова е директен судир помеѓу граѓаните кои бараат правда и малата група поранешни функционери кои очајнички се обидуваат да го зачуваат своето влијание“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Недовербата што Собранието ја изгласа мора да се почитува. Судскиот совет не смее да биде приватен клуб за заштита на луѓето што ја уништија правдата и институциите во Македонија.
Нема да дозволиме правниот систем да биде блокиран поради политички калкулации. Разрешените членови мора веднаш да се повлечат и да ја почитуваат одлуката на највисокото законодавно тело во државата.
Владеењето на правото мора да биде водечка сила во општеството!
Досегашната практика на партиско контролирање на судството од страна на поранешната власт мора да заврши, а судските институции конечно да работат во интерес на граѓаните.
Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно Уставот и законите! Судскиот совет мора да биде независен, кредибилен и ослободен од политички влијанија. Ова е момент кога треба да покажеме дека правдата е возможна и дека институциите ќе работат во служба на народот.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на реформите во правниот систем и на обезбедување вистинска правда за сите граѓани“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

