Регион
За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград

Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада утринава најавија дека локацијата на протестот во 16 часот се менува и дека се сели од пред зградата на Народното собрание – на плоштадот Славија.
„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот на Пионерите. Ги покануваме сите да ни се придружат во Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото+видео) Група мажи претепале и клоцале млад човек пред Српското Собрание

Во близина на плоштадот Никола Пашиќ настанала тепачка во која група мажи претепале млад човек, јавуваат српските медиуми.
Според информациите, тие го тепале со тупаници и клоци и го собориле на булеварот. Тој останал да лежи, а група мажи го опколиле.
Жандармеријата со оклопни возила се упатила кон Собранието, пишува Нова.рс.
Двајца млади момчиња се уапсени, пишува на видео објавено на социјалните мрежи, без притоа да е наведена причината за тоа.
Dvojica mladića uhapšena su kod Skupštine. pic.twitter.com/f1IHMc51RC
— KRIK (@KRIKrs) March 15, 2025
Откако настанаа тензиите студентите се огласија на својот официјален Твитер профил и напишаа дека „студентскиот протест завршува“.
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) March 15, 2025
Регион
Од правец на пионерскиот парк се фрлаа шишиња и камења

„Од правец на пионерскиот парк се фрлаа шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски. Стражарите ги симнаа маркерите. Се молат сите да го напуштат просторот околу Собранието“, се вели во соопштението на Факултетот за драмски уметности за време на блокадата.
NAJVAŽNIJI INFO: Iz pravca Pionirskog parka su bačene flaše i kamenice. Ovaj protest više nije studentski. Redari su skinuli markere. Mole se svi da napuste prostor oko Skupštine.
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) March 15, 2025
Пред српското Собрание има голем број полицајци.
Регион
Вучиќ ќе се обрати во 22 часот

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил и напиша порака од само два збора.
– Да живее Србија – напиша Вучиќ.
Како што пренесува Танјуг, Вучиќ најави дека вечерва во 22 часот ќе им се обрати на граѓаните.