Црна хроника
Итна интервенција во Мавровско Езеро: две лица се држат за превртен чамец, струја ги носи кон хидроцентралата
Преку единствен број за итни повици 112 во 12.37 часот на ден 15.03.2025 година од страна од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро. Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Од наша страна веднаш е стапено во контакт со Диспчерски центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово и известен сум дека немаат исправен чамец. Известено е одговорното лице од Ренџерска служба од Национален парк Маврово и од истите известен сум дека имаат чамец и поради силниот ветер во Мавровското езеро има бранови и луѓето не се специјализирани за спасување во води и претставува потенцијална опасност да ги загрози и своите вработени. Во истиот момент преку РЦУК Тетово известени се ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Национален Парк Маврово ренцерска служба. Испратено е барање до ДЗС за ангажирање на чамец и специјализиран тим за спасување во води. Исто така од наша страна изпратено е барање на МВР за нивна проценка и ангажирање на специјален тим со чамец или хеликоптер се со цел да се спасат двет лица во Мавровското езеро. Известен е директотор на ХЕЦ Маврово привремено да го запре производството на електрична енергија како би се избегнале струите во изерото. Од страна на Раководителот на СОК сум известен дека ќе биде ангажиран хеликоптер со лица од спцијална единица (Тигри), а чамецот ќе биде обезбеден од страна на одговорнот о лице од Ренџерите во Националниот парк Маврово. Во тек е координативната акција за спасување на двете лица во превртениот чамец“, стои во информацијата од првиот човек на ЦУК, Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца млади возачи фатени без дозвола во Струга и Кичево, одземени им се возилата
Во два одделни случаи, полицијата во Струга и Кичево привела млади возачи кои управувале возила без положен возачки испит. На двата инцидента им претходеле рутински контроли во сообраќајот, по што возилата им биле одземени.
На 8 февруари околу 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље–Струга, полициски службеници го сопреле патничко возило „Фолксваген Поло“ со струшки регистарски таблички. При проверката било утврдено дека возилото го управувал 20-годишниот А.З. од селото Франгово, без да има положено возачки испит. По насока на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сличен инцидент се случил и претходната ноќ, на 7 февруари, исто така во 02:55 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево. Полициска патрола запрела патничко возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Ф.В. од Кичево. И во овој случај било утврдено дека лицето нема положено возачки испит. Возилото е одземено, а по насоки од обвинителството ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнати деца на училиште, во автобус, градинка – во Скопје пријавени повеќе случаи на насилство со малолетници за еден ден
Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи.
Напад во автобус на ЈСП
Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од селото Батинци, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие на подрачјето на Драчево.
Младо момче нападнато од малолетници
Дваесет и шест годишниот С.Т. Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот, во паркот во село Пакошево бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле тврд предмет. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Инцидент во средно училиште во Центар
Во 21:15 часот, Ж.П. (47) од Скопје пријавил дека околу 12:00 часот, во двор на средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил нападнат од друг ученик.
Напад во градинка во Чаир
Во 13:00 часот, Н.Ќ. (49) од с. Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот, во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.
Напад во Кисела Вода
Во 22:30 часот, Н.Ц. (46) од Скопје пријавила дека околу 20:30 часот, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од женско лице на подрачјето на Кисела Вода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за расчистување.
Црна хроника
Возило удри во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника
Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишно девојче од Куманово.
Како што соопшти МВР, возилото го управувала 23-годишната С.В. од Куманово.
Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.

