Македонија
Итна седница на Советот на Град Скопје во вторник

Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани. Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани.
Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија Претседателот на Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје кои во рамки на коодинираните активности за помош на семејствата на жртвите и повредените при катастрофалниот настан во Кочани, организираат итна седница на Советот на Град Скопје која претседателот на Совет ќе ја свика за вторник 18 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре во Бугарија ќе биде прогласен за ден на жалост, премиерот изрази сочувство до семејствата на жртвите

Утре – вторник, 18 март, во Бугарија ќе биде прогласен за ден на национална жалост како израз на солидарност со нашиот најблизок сосед на Балканот. Ова го соопшти премиерот Росен Жељазков во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, во кој во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, јави репортерот на БГНЕС.
Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.
14 од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија.
Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште жртви, рече Жељазков.
Обезбедивме услови и роднините на жртвите да пристигнат овде и да бидат во контакт со нивните роднини, рече и премиерот.
Македонија
Кога се изборивме со се, кога го добивме тоа што го сакаме: напиша сопругата на Тоше кој загина во пожарот во Кочани славејќи го раѓањето на неговиот син

„Кога се изборивме со се кога го добивме тоа што го сакаме.
Нашата љубов доби плот кој ќе не веселеше цел живот на кој ке се смеевме и радувавме, што се случи зошто овој живот е толку суров и безмилосен зошто ги зема луѓето кои треба да живеат на кој животот е пред нив“, напиша сопругата на Тоше Богданов, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани. Тој во саботата отишол да го прослави раѓањето на својот син во дискотеката.
„Јас ќе бидам храбра мама и ќе се борам нашето мало ангелче да израсне во човек како што беше ти добар храбар и јак човек. Кога ќе порасне и ме праша мамо каде е мојот татко јас ке му речам да поглетне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети а тоа ке бидеш ти.
А јас ке бидам таа што секогаш ке те сакам и никогаш нема да те заборавам.
Вечна ти слава беше незаменлив човек“, напиша неговата сопруга Деспина Богданов.
Македонија
Уставниот суд ја одложува подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани

Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март.
„Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата“, посочуваат од судот.
„Датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден“, додаваат оттаму.