Македонија
Каролина Гочева: Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја

„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…“, напиша Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон… многу ќе ми фалиш Сарке моја“, додаде пејачката.
Сара Пројковска вонредна професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Позната е состојбата на повредените во Кочани кои се пренесени во ВМА во Белград

Српските лекарски екипи згрижија повеќе од десет лица кои се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие во текот на вчерашниот ден и вечерта со амбулантни возила и авион на војската на Србија беа пренесени во болниците во Белград, а сместени се во ВМА и во Клиничкиот центар на Србија.
Како што објави Телеграф.рс, сите пациенти примени на ВМА се во шок собата. Пет од нив биле интубирани. Според неофицијални информации, станува збор за пет млади момчиња и една девојка.
Младите мажи се на возраст меѓу 18 до 27 години, а изгорениците зафатиле и до 30 отсто од површината на нивната кожа. Девојката која е префрлена на ВМА има 18 години и има изгореници кои покриваат 24 отсто од нејзината кожа.
59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Македонија
Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на својот син, загина во страшниот пожар

Најмалку 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а 155 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пожарот се проширил на таванот и покривот на дискотеката, кој брзо изгорел. Публиката на концертот кој започна на полноќ беше претежно млада. Меѓу загинатите има и тројца малолетници, додека 22 лица се во критична состојба. Најмладата жртва имала само 14 години. Во врска со трагедијата досега се приведени неколку лица.
Триесетгодишниот Тоше Богданов е една од жртвите. Неговите пријатели велат дека во саботата излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот. Богданов, кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата која, според неофицијални информации, пред неколку дена го родила нивното дете.
„Тоше имаше син и излезе со пријателите да го прослави раѓањето на детето. Сакаше да ги почести и отиде во диско, а сега го нема“, рекол извор близок до семејството.
Македонија
(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава.
„На вонредната владина седница по трагичниот настан во oпштина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7-дневна жалост на територија на целата држава. Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на министерството за огромната несреќа која се случи“.
59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Вкупно 115 пациенти се лекуваат во нашите болници, а како што извести министерот за здравство, Арбен Таравари, 47 се на лекување надвор од државата.
Денеска се очекува да пристигнат специјалисти за изгореници и интензивна нега, од Израел, Белград и Прага.