Македонија
Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип, Облешево и во Скопје.
Триесетте жртви од Кочани ќе бидат погребани во 12 часот. На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г. г. Стефан, а ќе има и неколку владици од Синодот.
Погребот на загинатите од Штип ќе биде во 11 часот, а меѓу нив се и членовите на ДНК, Филип Стевановски и Александар Коларов.
Погреб ќе има и во Облешево во 13 часот.
Пејачот на бендот ДНК, Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан во 10 часот на градските гробишта „Бутел“, соопшти неговото семејство. Членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска, ќе биде погребана на гробиштата во Лисиче во 12 часот. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Горѓиев, ќе биде на градските гробишта во Струмица од 12 часот.
Владата вчера на седница ги задолжи државните институции и препорача до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани.
Медиумите ќе известуваат за погребот оддалечени на 300 метри од капелата за да се зачува приватноста на ужалените семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.