Контакт

Македонија

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

Објавено пред

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Според информацијата, три лица се на возраст на 16, а уште толку од загинатите имале 17 години.

Најмногу, по седум лица, загинале на 24 и 26-годишна возраст.

Највозрасниот имал 48 години.

Меѓу загинатите 41 се мажи, а 18 се жени.

Во продолжение годините и бројот на загинати.

Македонија

Митева: ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број на издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Објавено пред

Владината портпаролка Марија Митева денеска информираше за работата на ДПИ и кои се преземените активности заклучно со вчерашниот ден.

dobivaj vesti na viber

„Вкупно 82 контроли со записник, инаку се многу повеќе за кои сѐ уште трае анализа и контролата, по Законот за угостителска дејност, тука се вклучени сите од кабаре, дискотека, надзори по угостителска дејност на цела територија.

Од 23 со лиценца, констатирано е до сега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност“.

Според неа, кај 5 правни субјекти коишто биле регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период биле издадени решенија за забрана на дејност.

„Кај останатите 41 кафич-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затварања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог“, прецизираше Митева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Митева: Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства

Објавено пред

„Како Влада будно ја следиме состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во определени моменти мораме како Влада да апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата. Во овие моменти грижа од таков аспект не им е потребна и ќе направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме во делот на здравствената нега која им е потребна. Се разбира, сакам и лично, но и од името на Владата на секој граѓанин, на секој поединец, особено на волонтерите од Црвен крст и сите останати да се заблагодарам за несебичната помош и поддршка која ја даваат во овие најтешки денови“, вели Марија Митева портпарол на Владата на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Митева посочи дека во делот на транспорт и сместување на семејствата на повредените кои се лекуваат во други земји се информирани од страна на Црвениот крст дека за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци, но како што рече таа ова е еднократна парична помош, и во иднина екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата се во контакт со семејствата и ќе се обезбеди целосно покривање на трошоците за сместување.

„Исто така, во делот на транспортот и сместувањето сакам да информирам дека и тоа е обврска и грижа која како Влада ја реализираме. Денешниот пресек е следен: згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство. Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив. Правиме се што можеме за да помогнеме и олесниме во овие тешки времиња. Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации коишто ќе наштетат на семејствата“, децидна е Митева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири, рече Тошковски

Објавено пред

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по трагедијата во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Поднесени се, нагласи тој, две кривични пријави против вкупно 34 лица и три правни лица.

„Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три правни лица за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп по член 357 од КЗ“, рече Тошковски.

Оваа трагедија, повика на целосна мобилизација на сите институции, оцени Тошковски.

„МВР веднаш ги активираше сите капацитети. Од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и извлекување на повредените, регулација на сообраќај, се до логистичка поддршка за нивниот транспорт и лекување, како во земјава така и во странство. Над 250 лица беа брзо и безбедно транспортирани до болниците низ државата, а над 100 лица до граничните премини. Веднаш беа изработени итни патни документи, како за повредените, така и за нивните најблиски кои патуваа со нив. Во исто време, полициските структури останаа посветени на истражните дејствија и расветлување на случајот, дејствувајќи со емпатија, дисциплина и професионалност“, нагласи министерот.

Во врска со тоа дали истрагата може да се шири на повеќе лица Тошковски одговори дека апсолутно ќе се шири бројката доколку има докази за други инволвирани лица.

„Македонија мора да победи во битката со системската корупција, која одзема 59 млади животи.
Знам дека досегашните искуства на нашиот народ за вакви предмети беа болни и разочарувачки и оттука ја оправдувам загрииженоста и сомнежот дека и сега е можно тоа да биде така. НО нагласувам дека таа загриженост сега е непотребна и докажуваме преку нашите постапки дека има разлика. Работиме со обемен материјал, под огромен притисок, но не смееме да брзаме, затоа што половична правда е всушност неправда“.

Тој не се согласува со информацијата дека актуелни вработени во МВР на одредени позиции или во другите институции не се дел од истрагата или дека нема осомничени.

„Нема овде наши или ваши. Има луѓе кои што се одговорни и луѓе кои што не се одговорни, но, мораме да почитуваме процес на правда и мораме темелно да ја работиме истрагата како што доликува на една држава која што треба да одговори соодветно“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири, рече Тошковски

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи...

Македонија59 минути

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега во „Сиситна“, велат од болницата

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во...

Македонија1 час

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната поради насилно задушување и...

Македонија2 часа

Дискотеката имала устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот, без притоа да биде...

Македонија3 часа

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот...

Македонија3 часа

Таравари: Нема потреба никој да собира пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба...

Македонија4 часа

Четворица пациенти во Италија се веќе на нозе, Таравари вели може да се вратат дома следната недела, критичен е пациент во Турција

Денес, од болница излегуваат десетмина пациенти што се лекуваат кај нас, соопшти утрово министерот за здравство, Арбен Таравари. Си заминува...

Македонија5 часа

Одреден 30-дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу кои Бектеши и Трајковски

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот...

Македонија5 часа

ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни...

Македонија6 часа

Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани,...

Македонија6 часа

(Видео) Би-би-си со реконструкција за пожарот во Кочани

Би-би-си направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, каде што објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата...

Македонија6 часа

Мораме да размислуваме како да си ги вратиме децата назад, од понеделник ќе ги имаме првите враќања, најави Клековски

Од понеделник се очекуваат првите повлекувања од странство на повредените пациенти, кои по пожарот во Кочани, беа препраќани на лекување....

Македонија7 часа

Maкедонските медиуми известуваат професионално во овие траурни моменти, оцени Министерство за дигитална трансформација

Министерство за дигитална трансформација како надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење апелира на одговорност, професионалност...

Македонија18 часа

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија20 часа

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија20 часа

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија22 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија24 часа

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија1 ден

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија1 ден

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...